Денес е четврток, 8 декември 2022
ПочетокФилмовиГЛАСИНА: Позната е иднината на Spider-Man, ги дознаваме деталите за новиот договор...

ГЛАСИНА: Позната е иднината на Spider-Man, ги дознаваме деталите за новиот договор помеѓу Marvel Studios и Sony!

Новиот договор помеѓу Disney и Sony ќе биде потпишан после само неколку месеци од премиерата на ‘Spider-Man: No Way Home’

  • Во изработка е нова Spider-Man трилогија со Tom Holland во филмскиот универзум на Marvel
  • Новата трилогија ќе се фокусира на универзитетскиот живот на Peter Parker
  • Sony филмовите официјално ќе станат дел од филмскиот универзум на Marvel (Venom, Morbius и останатите идни проекти)
  • Venom конечно ќе ги измери силите со Spider-Man како дел од филмскиот универзум на Marvel (а не како посебен филм на Sony)
  • Нов Sinister Six настан со различни негативци од оние во ‘Spider-Man: No Way Home’
  • Ќе добиеме нова франшиза за Miles Morales како дел од филмскиот универзум на Marvel
  • Kevin Feige и Marvel Studios во моментов размислуваат како да ги маркетираат новите филмови за Miles со цел генералната публика да ги разликува двете Spider-Man франшизи
  • Peter Parker и Miles Morales ќе бидат дел од crossover настани и дел од други самостојни филмови/серии во филмскиот универзум на Marvel

За останатите детали околу поделбата на трошоците и заработката во моментов нема информации, шпекулациите од минатиот договор се дека Sony заработува околу 80% од Box Office-от додека пак Disney 20% од секој Spider-Man филм во кој Marvel Studios има целосна креативна контрола. Треба да се напомене дека покрај можноста на Marvel Studios да го користат Spider-Man во други филмови, ги имаат и правата за продавање на играчки токму од Spider-Man филмовите.

Уште една гласина за следниот трејлер:

Да се навратиме на видеото во кое поранешниот извршен директор на Disney ни објаснува како двете филмски студија се смириле и постигнале договор за трет Spider-Man филм:

Заслугата е на Tom Holland:

Spider-Man дефинитивно го чека возбудлива иднина во филмскиот универзум на Marvel!

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ