Денес е понеделник, 28 ноември 2022
ПочетокФилмовиCOMICS.MK: 'The Suicide Squad' Non-Spoiler Review

COMICS.MK: ‘The Suicide Squad’ Non-Spoiler Review

James Gunn во негов стил ни сервира една уникатна палета на ликови со експлозии, акција, комедија и феноменални визуелни ефекти.

Филм кој треба да го гледате со ладна глава, без многу размислувања за приказната, опуштено да уживате во акцијата (која во скоро сите сцени е 18+) и да ја искусите чудната хемија помеѓу главните ликови.

Почетокот имаше малку избрзано темпо иако ни се допаѓа фактот дека не потрошија време на објаснување за како всушност функционира Suicide тимот (нешто кое го знаевме уште од минатиот филм).

Режисерот ни претставува неколку главни ликови за кои Origin приказната ни е тотално непозната но сепак до крајот на филмот веќе комплетно ги разбираме, се поврзуваме со нивната динамика и се грижиме за нивните животи. Глумата од сите актери беше извонредна (не толку карактеристично за ваков филм), Idris Elba (Bloodsport), Margot Robbie (Harley Quinn) и Viola Davis (Amanda Waller) беа убедливо на највисоко ниво! King Shark (Sylvester Stallone) беше срцето на филмот, сепак ни фалеше повеќе за неговиот карактер, Ratcatcher 2 (Daniela Melchior) е позитивно изненадување бидејќи скоро целата емоција потекнуваше од нејзе и имаше интересни моќи, Polka-Dot Man (David Dastmalchian) е опишан на доста интересен начин. Дефинитивно ова е вистинската верзија на Harley Quinn, воопшто не беше исфорсирана и истакната, перфектно беше доловен нејзиниот менталитет иако на крајот се чувствувавме како да е супехерој наместо негативец, сепак имаше моменти кои ќе се паметат заедно со нејзините добри костуми. Со сигурност потврдуваме дека ова е најдобрата улога на John Cena во неговата филмска кариера, по струка не е актер но во филмот беше сосема солиден, неговата улога беше доволна и имаше логика но навистина не гледаме потреба во сопствена серија на HBO Max за ликот на Peacemaker. Единствена замерка која би ја истакнале за Bloodsport е дека ни фалеше Bad-Ass акција од негова страна.

Негативецот беше чуден и необичен па токму затоа со задоволство уживавме во последната битка, дури во еден момент можевме да се соживееме со Starro! Визуелните ефекти во скоро сите сцени беа феноменални (посебно на King Shark и Starro), вистинско уживање за секој гледач!

70’s Style филм со многу експлозии, брутална акција со многу крв, сакани ликови кои си добија свои моменти да се истакнат, сепак ни фали повеќе за секој од нив, темпото на одредени сцени беше избрзано без доволно време да уживаме во моментот.

За жал поентата на филмот не беше истакната, но сепак ова е една мисија која има за задача да ни даде непредвидлив тек на настани со доста комедија (поединечни шеги беа лоши) и смешни случувања, буквално сцени кои се искоренети директно како од стрип!

Во скоро секој аспект е подобар од првиот филм, режизерот искористил добар избор за музика но единствено би истакнале дека беше подобро што во минатиот дел (‘Suicide Squad’ 2016) имаше оригинални песни само за филмот (иако не беа сите добри).

‘The Suicide Squad’ е филм во кој буквално се случува хаос, едноставно опишана приказна со неколку пресврти, напнати моменти и доста комични сцени.

8/10

Со нетрпение чекаме James Gunn да се врати со неговиот следен непознат DC проект кој беше најавен пред само неколку дена, Warner Bros конечно препуштаат целосна креативна контрола.

P.S. Weasel е апсолутен хит, мора повеќе од него!

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ