Денес е петок, 23 јули 2021
ПочетокСтриповиСекој нов официјален кастинг и трејлер за оваа недела. PART 3!

Секој нов официјален кастинг и трејлер за оваа недела. PART 3!

 

Rooney Mara, Frances McDormand, Claire Foy, Jessie Buckley, Judith Ivey, Sheila McCarthy & Ben Whishaw е кастингот на филмот WOMEN TALKING. Во филмот се работи за неколку жени изолирани во верска колонија, кои ќе се запрашаат за нивната вера после неколкуте сексуални напади.

Shemar Moore е новиот кастинг на SONIC THE HEDGEHOG 2 со засега непозната улога.

Zoë Kravitz ќе биде режисер на свој филм со наслов PUSSY ISLAND а во главната улога ќе биде актерот Channing Tatum. Во филмот се работи за келнерка која ќе ја открие страшната заднина на еден приватен остров на кој работи она.

Кастингот за новата преработка на филмот SCREAM се состои од: Neve Campbell, David Arquette, Courteney Cox, Melissa Barrera, Dylan Minnette, Mason Gooding, Jack Quaid, Jasmin Savoy Brown, Marley Shelton и Jenna Ortega. Филмот премиерно ќе го гледаме на 14 Јануари 2022 година.

Colin Farrell и Rachel Weisz се дел од кастингот на филмот со наслов LOVE CHILD! Во филмот се работи за дете кое пробува да најде начин како да се ослободи од својот татко за да ја има неговата мајка само за себе!

Корејскиот актер Park Seo-Joon е официјално дел од кастингот на THE MARVELS!

Кастингот на акцискиот трилер BULLET TRAIN официјално се состои од: Brad Pitt, Joey King, Andrew Koji, Brian Tyree Henry, Michael Shannon, Aaron Taylor-Johnson, Hiroyuki Sanada, Benito A Martínez Ocasio and Sandra Bullock. Филмот премиерно ќе го гледаме на 8 Април 2022 година.

Jessica Henwick е дел од кастингот на KNIVES OUT 2!

Продолжението на филмот GREENLAND официјално во изработка со истиот кастинг на главните улоги Gerard Butler & Morena Baccarin. Во продолжението фамилијата ќе ја напушти скривницата во GREENLAND и ќе тргне во потрага по нов дом низ Европа.

Sacha Baron Cohen е гласовниот актер на карактерот Uncle Ugo во новиот анимиран филм LUCA.

Joaquin Phoenix and Rooney Mara се дел од кастингот на филмот со наслов POLARIS. Режисер на филмот ќе биде Lynne Ramsay.

Hiroyuki Sanada е дел од кастингот на JOHN WICK 4!

 

 

 

 

 

 

 

 

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ