Денес е петок, 23 јули 2021
ПочетокАнимеSuperman ќе дегустира храна во Јапонија во новата манга!

Superman ќе дегустира храна во Јапонија во новата манга!

Satoshi Miyakawa и Kai Kitago ќе издаваат нов манга серијал со најпознатиот лик од DC стриповите Superman, со наслов Superman vs. Meshi: Superman no Hitori Meshi (Superman vs. Food: Superman Dining Alone). За оние кои не знаат, meshi е збор на јапонски што се користи за оброк, храна. Miyakawa ја пишува приказната, а Kitago е илустраторот.

Приказната ќе се фокусира на Superman кој ќе лета до рестораните низ Јапонија каде што ќе ја дегустира и ќе ја критикува храната во земјата, тој ќе ја поседува способноста којa може да го слушне кркорењето на стомакот низ цела Јапонија за време на ручек со својот натчовечки слух.

Доколку не ви е јасно сеуште зошто се објавува манга со ваква приказна, овој тип на манга се нарекува Gourmet manga. Cooking manga, исто така познато како gourmet manga, е популаерн жанр на јапонска манга и аниме каде што храната, готвењето, јадењето или пиењето се централен елемент во приказната.

Oваа манга ќе биде објавена на 22 јуни во Јапонија во списанието за манга Evening од издавачката куќа Kodansha, со првото поглавје кое ќе биде околу 30 страници. Исто така, ќе биде достапна преку веб-страницата Comic Days.

Во моментов, ниту Kodansha ниту DC немаат дадено никакво соопштение во врска со англиското издание на Superman vs. Meshi.

Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ