Денес е среда, 16 јуни 2021
ПочетокФилмовиЕКСКЛУЗИВНО: Нов 'Lord of The Rings' аниме филм резервиран за настап во...

ЕКСКЛУЗИВНО: Нов ‘Lord of The Rings’ аниме филм резервиран за настап во кино!

Го добиваме официјалниот наслов за новата приказна која ќе биде дел од филмскиот свет на Peter Jackson.

Франшизата на J.R.R. Tolkien се враќа на големите филмски платна со еден уникатен проект наречен ‘The Lord of the Rings: The War of the Rohirrim’, дистрибуиран од Warner Bros со анимација изработена од Sola Entertainment (познати по игри и аниме серии, повеќе за нивните проекти можете да дознаете ТУКА).

Во моментов нема информации дали Peter Jackson и Fran Walsh ќе бидат дел од овој проект, но потврдено е дека оскаровата писателката Philippa Boyens (Lord of the Rings: Return of the King) се враќа како главен консултант на филмот со што ќе биде во режија на Kenji Kamiyama (‘Black Lotus’, ‘Ghost in the Shell: Stand Alone Complex’).

Приказната ќе биде 250 години пред настаните на LOTR во „Third Age“ на Middle-earth за 9-тиот крал на Rohan, Helm Hammerhand и легендарната битка која имала големо влијание на светот пред да започнат настаните од филмовите. Во аниме серијалот ќе се проучи и досега нераскажаната приказна за тврдината Helm’s Deep.

Helm Hammerhand од LOTR филмовите

Со аниме филм имаме можност да видиме поголема визуелна креативност со висок квалитет на анимација, па токму затоа ваков тип на анимирани проекти се иднината за многу франшизи кои сакаат да раскажат приказни што не сме ги виделе досега.

Изјавите на Carolyn Blackwood (Chief Operating Officer) и Richard Brener (Chief Creative Officer) на Warner Bros:

„All of us at New Line feel a deep affinity for the extraordinary world J.R.R. Tolkien created, so the opportunity to dive back into Middle-earth with the team at Warner Bros. Animation is a dream come true. Fans know Helm’s Deep as the stage for one of the greatest battles ever put to film and, with many of the same creative visionaries involved and the brilliant Kenji Kamiyama at the helm, we couldn’t be more excited to deliver a fresh vision of its history that will invite global audiences to experience the rich, complex saga of Middle-earth in a thrilling new way.”

Sam Register (President of Warner Bros. Animation) го додава следново:

„This will be yet another epic portrayal of J.R.R. Tolkien’s world that has never been told before. We’re honored to partner with much of the incredible talent behind both film trilogies, along with new creative luminaries to tell this story, and so it begins” 

Знаеме дека во изработка е и најскапата играна серија во историјата на човештвото од страна на Amazon токму за „Second Age“ на Middle-earth, повеќе за играната серија можете да дознаете ТУКА.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ