Денес е среда, 16 јуни 2021
ПочетокФилмовиСекој нов официјален кастинг и трејлер за оваа недела. (PART 2)

Секој нов официјален кастинг и трејлер за оваа недела. (PART 2)

Прочитајте за секој нов официјален кастинг и погледнете ги трејлерите за нови филмови и ТВ серии од оваа недела.

Режисерот на хоророт Halloween за прв пат ќе има улога во филмот заедно со Timothée Chalamet и Taylor Russell со наслов BONES & ALL.

Mark Wahlberg и Chiwetel Ejiofor се во главната улога Режисерот на хорор филмот HalloweenDavid Gordon со новиот акциски трилер на Paramount Plus со наслов INFINITE кој премиерно ќе го гледаме на 10 Јуни.

Chris Pine ќе го режира, пишува и глуми во новиот филм со наслов POOLMAN. Главна улога во филмот ќе има и легендарниот Danny DeVito. Се работи за чистач на базени кој се наоѓа под истрага од еден валкан член на советот.

CODE 8: PART 2 во изработка со Stephen Amell во главна улога. Robbie Amell исто така се враќа за второто продолжение. Во продолжението ќе се работи за тинејџерка која се бори да ја добие правдата на својот брат убиен од страна на корумпирани полициски службеници.

Ben Affleck заедно со актерката Alice Braga ќе бидат главни улоги во новиот филм на Robert Rodriguez со наслов HYPNOTIC. Во филмот се работи за детектив кој го истражува случајот на неговата исчезната ќерка и тајната државна програма.

Margot Robbie, Christian Bale, John David Washington, Rami Malek, Anya Taylor-Joy и Taylor Swift е кастингот на новиот филм на David O Russell со засега непознат наслов.

Jacob Elordi и Zachary Quinto се дел од кастингот на филмот HE WENT THAT WAY. Филмот е базиран според вистинска приказна за познатиот тренер на животни и неговата несреќна средба со серискиот убиец Larry Lee Ranes.

Samara Weaving, Max Minghella, Flea and Damon Gupton заедно со Margot Robbie и Brad Pitt е кастингот на новиот филм на Damien Chazelle со наслов BABYLON. Филмот ќе биде во дваесетите години кога се случува транзицијата од филмови без звук и дијалог во црно-бел филм со дијалог и звук. Во филмот ќе има историски актери од дваесетите и триесетите години и ќе ни покаже падовите и успесите на актерите со транзицијата на филмот.

Новиот анимиран филм на Netflix со наслов AMERICA: THE MOTION PICTURE ќе го гледаме премиерно на 30 Јуни. Кастингот го состојуваат: Channing Tatum, Jason Mantzoukas, Olivia Munn, Judy Greer, Bobby Moynihan, Andy Samberg, Will Forte и Simon Pegg. Погледнете го трејлерот подолу.

Donnie Yen ќе биде ексклузивно дел од кастингот на JOHN WICK 4 кој е закажан за 7 Мај 2022 година. Неговиот карактер во филмот е опишан како стар пријател на Wick кој дели иста заднина и непријатели.

 

Тино
Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ