Денес е петок, 23 јули 2021
ПочетокФилмовиОткриен главниот негативец на Dr. Strange 2 + појавување на Ghost Rider!

Откриен главниот негативец на Dr. Strange 2 + појавување на Ghost Rider!

Се открива кој ќе биде еден од негативците во 28 филм на Marvel Studios Doctor Strange: In the Multiverse of Madness и можноста за појавување на Ghost Rider во филмскиот универзум на Marvel за прв пат во второто продолжение на Dr. Strange!

Во 2019 година Marvel Studios го најавија филмот Doctor Strange: In the Multiverse of Madness за кој знаеме дека ќе има темен тон со хорор елементи и ќе го отвори патот кон мулти-универзумот. Знаеме дека серијата WandaVision ќе биде дирекно поврзана со филмот односно Wanda Maximoff aka Scarlet Witch ќе му се придружи на моќниот врховен волшебник и едниствен бранител на планетата земја од мистични и магични закани.

Во серијата WandaVision за првпат се запознавме со античката книга дирекно од пеколот за најмоќните магии и поседување на огромна моќ Darkhold која заврши во рацете на Wanda како што видовме на самиот крај на последната епизода. Останува да видиме како тоа ќе влијае врз Wanda и иднината на филмскиот универзум на Marvel.

Во Multiverse of Madness за прв пат ќе се запознаеме и со девојчето кое доаѓа од друга димензија America Chavez за која ќе прочитате подолу.

Филмот е многу таинствен од сите аспекти, досега го знаевме само ова но денес дознаваме нешто повеќе!

Darkhold е причината за постоењето на зомби, вампирите, врколаците и карактери како Blade, Red Sonja па и Ghost Rider. Денес дознаваме дека кралот на пеколот Johnny Blaze aka Ghost Rider се очекува да се појави во филмот. Со книгата од пеколот Darkhold во рацете на Wanda како и нејзиното појавување во Multiverse of Madness и колку работите може да се искомплицираат е одлична почетна точка за појавувањето на Ghost Rider во филмот. За сега е непознато кој актер ќе биде во улогата на Johnny.

Дознаваме дека се очекува главниот негативец на филмот да биде зелениот вонземјанин киклоп и владетел на многу димензии, под името Shuma Gorath. Старост од милион години со моќ да расте во огромни размери, поврзан е со натприродното, може да се телепортира и да проектира енергија преку неговите пипала. Gorath e опседнат со суперхерои како Dr. Strange кои можат да патуваат низ мултидимензиите и ја сака нивната моќ како покрај тоа и да биде владетел на планетата земја.

Негативецот Gorath одлично се вклопува со името и тонот на филмот како мулти-димензионален негативец кој сака моќ да патува низ димензиите и да биде владетел на планетата земја.

Од друга страна, America Chavez e тинејџерка која е родена во утописка паралелна димензија надвор од времето и просторот. Chavez има натприродна моќ, може да отвори портали во форма на ѕвезди кои и овозможуваат да патува низ времето во различни димензии. Со помош на нејзината моќ бега од својата димензија со тоа што станува дел од суперхеројскиот тим Young Avengers како заштитник на планетата земја под суперхеројското име Miss America.

Ве оставам сами да ги поврзете овие три точки кои ви даваат значење дека Doctor Strange: In the Multiverse of Madness е филм од огромни размери и можност за многу нови карактери и негативци низ мулти димензиите.

Doctor Strange: In the Multiverse of Madness ќе го гледаме во кино на 22 Март, 2022 година а првиот трејлер го очекуваме до крајот на Октомври или почетокот на Ноември. Читајте не!

 

 

 

 

 

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ