Денес е сабота, 26 ноември 2022
ПочетокФилмовиФилмската адаптација на видео играта Borderlands што знаеме до сега?

Филмската адаптација на видео играта Borderlands што знаеме до сега?

Што се знаеме досега за фимот Borderlands, видео игрите,режисер, кастингот и карактерите.

Можеби повеќето од вас слушнале или пак играле некој дел од оваа видео игра затоа што е доста популарна и играна во текот на годините на скоро сите платформи. Видео играта е акциона научна фантастика во прво лице со многу необичен и оргинален дизајн. Создадена е од страна на Gearbox Software и е пуштена во продажба во 2009 година од страна на 2К Games. Borderlands се претвори во успешна франшиза со неколку делови и експанзии, последниот дел е Borderlands 3 во 2019 година со огромен успех тоа е и причината за најавениот Borderlands филм.

И да убаво прочитавте Borderlands филм кој е во изработка oд LIONS GATE Entertainment и е почнат да се снима. Досега имаме доста новости околу филмот како и дел од кастингот.Директор на филмот ќе биде Eli Roth познат по улогата Donny Donowitz во Inglorius Basterds на Quentin Tarantino.

Главното дејство на филмот ќе биде на напуштената планета Пандора каде што луѓето се во потрага по мистериозните остатоци од реликвијата.

Филмската адаптација на Eli Roth на видео игарата Borderlands има огромен потенцијал за успешен филм како и за гејмерите така и за филмските фанатаци а една од причините е самиот кастинг на карактерите во филмот.

Cate Blanchett како Lilith-Lilith e од планетата Дионис и е член на таканаречениот женски тим со неверојатни моќи „Сирени”.

Jamie Lee Curtis kako Patricia Tannis-Tannis е научник и археолог, специјализирана за артефакти и технологија на Еридија.

Kevin Heart kako Roland-Roland е од планетата Прометеја и е поранешен високо специјализиран и обучен приватен војник.

Јаck Black kako Claptrap-Clap e робот програмиран за општа намена со човечки карактеристки.

Florian Munteanu како Krieg-Krieg e од планетата Пандора каде што ќе се одвива главното дејство во филмот и е еден од најслините во неговата фамилија,познат е под називот “Психо” затоа што е еден од преживеаните бандити на кој се извршувани брутлни психолошки експирименти.

Ariena Greenblatt kako Tiny Tina-Tina e тринаесетгодишно девојче кое е ескперт за експлозиви.

Ние сме многу возбудени за оваа филмска адаптација а вие?

Наскоро очекуваме уште многу новости околу филмот за кои што ќе бидете известени и со нетрпение чекаме да го глеадме на големото платно. BORDERLANDS MOVIE!

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ