Денес е вторник, 30 ноември 2021
ПочетокАнимеНеделни Аниме и Манга Вести! Bright: Samurai Soul, LoveLive! и многу други!

Неделни Аниме и Манга Вести! Bright: Samurai Soul, LoveLive! и многу други!

Новиот клип на Bright: Samurai Soul покажува жестока битка помеѓу Izou и Raiden

Netflix објави четириминутен нов клип од Bright: Samurai Soul, спин-оф аниме на оригиналниот научно-фантастичен филм од 2017 година со Вил Смит, Bright. Клипот ја прикажува средбата меѓу двајцата протагонисти, Izou и Raiden и нивната жестока битка.

Love Live! Nijigasaki High School Idol Club со нови информации за втората сезона 

Love Live! Nijigasaki High School Idol Club е јапонски мултимедијален спин-оф проект од Love Live! аниме серијата и нејзината игра со исто име. За разлика од μ’s и Aqours, претходните групи од франшизата, тие се група индивидуални училишни идоли кои се натпреваруваат меѓусебно додека работат заедно за да го одржат својот училишен idol club во живот што се вика Nijigasaki High School Idol Club.

Втората сезона премиерно ќе биде прикажувана во април 2022 година на Токио МХ и други канали. Промотивното видео го потврдува враќањето на главната екипа и главниот персонал, како и новите членови на актерската екипа за втората сезона:

Moeka Koizumi – Shioriko Mifune
Shū Uchida – Mia Taylor
Akina Hōmoto – Zhong Lanzhu

Анимето „Kimi to Boku no Saigo no Senjou, Aruiwa Sekai ga Hajimaru Seisen“ добива продолжение

Официјалната веб страница на телевизиската аниме адаптација на Kimi to Boku no Saigo no Senjou, Aruiwa Sekai ga Hajimaru Seisen (Our Last Crusade or the Rise of a New World) објави во петокот дека продолжението е во продукција.

Додека трае војната помеѓу империја базирана на машини и империја фокусирана на магија, вештерка и војник се среќаваат и се заљубуваат. Дали нивната романса ќе стави крај на конфликтот на нивните народи?

Анимето е базирано на лесниот роман напишан од Kei Sazane и илустрирана од Ao Nekonabe. Првата сезона имаше 12 епизоди и се емитуваше во 2020 година.

Аниме адаптација од Sugar Apple Fairy Tale е во изработка

Лесниот роман напишан од Mikawa и илустриран од aki почнаа да го издаваат овој серијал во април 2010 година, траеше се до 2017 година и има 17 изданија.

Приказната се базира во Кралството Хајленд, каде што самовилите им служат на луѓето и се фокусираат на девојката по име Anne. Мајката на Anne неодамна почина, па она одлучи да продолжи со семејниот занает и да стане мајстор за сребрен шеќер. Специјален занаетчија кој може да создава магични бонбони. Со нејзиниот телохранител Charles, што е самовила, таа тргнува на авантура кон главниот град.

Лесниот роман “Akuyaku Reijou nanode Last Boss wo Kattemimashita” добива аниме адаптација

Sarasa Nagase’s Akuyaku Reijou nanode Last Boss wo Kattemimashita (I’m the Villainess, So I’m Taming the Final Boss) е приказна за девојка која уште од мала била тешко болна и го поминала поголемиот дел од својот живот во болничка соба играјќи otome игри. Све доаѓа до пресврт кога таа ќе се најде како негативецот во една од нејзините игри која се вика Irene Loren D’Autriche.

Nagase го започна овој фантазија – роман на веб страницата Shousetsuka ni Narou во мај 2017 година.

Аниме -проектот е во чест на 20 годишнината од отпечатокот од Kadokawa Beans Bunko.

 

Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ