Денес е петок, 29 март 2024
ПочетокАнимеНеделни Аниме и Манга Вести! Fairy Tail, Star Wars, Cruella и многу...

Неделни Аниме и Манга Вести! Fairy Tail, Star Wars, Cruella и многу други!

Хит мангата Fairy Tail: 100 Years Quest добива официјална аниме адаптација.

Напишано од Atsuo Ueda, Fairy Tail: 100 Years Quest е официјално продолжение на хит мангата на Hiro Mashima, Fairy Tail, која заврши во 2017 година.

Приказната го следи Natsu и неговите Fairy Tale придружници додека се впуштаат во потрагата по „100 Years Quest”, опасна мисија што никој не ја завршил во повеќе од еден век.

Детали за датумот на објавување, актерската екипа и персоналот допрва следуваат.

Гласовниот актер Kiyoshi Kobayashi се пензионира од Jigen карактерот од Lupin III по 52 години.

Официјалната веб-страница за телевизиската аниме серија „Lupin the 3rd Part 6“ потврди дека долгогодишниот ветерански гласовен актер Kiyoshi Kobayashi се повлекува од улогата на Daisuke Jigen. „Епизода 0“ на аниме, насловена „Jidai“ (историски период) го прикажува неговиот последен настап како ликот.

Kobayashi е единствениот преостанат оригинален член на првата генерација во франшизата Lupin III, и го позајмува гласот на Jigen уште од 1969 година.

Akio Ohtsuka ќе го замени Kobayashi во сите други епизоди на анимето.

Воедно добивме и нов трејлер за анимето.

Star Wars: The High Republic: Edge of Balance манга достапна за читање оваа недела

Star Wars: The High Republic: Edge of Balance Vol. 1 е првата манга поставена во ерата на Old Republic во Star Wars тајмлајнот.

Приказната се одвива во годините пред Palpatine да биде избран за chancellor и пред Anakin Skywalker да започне со обука за џедај, приказната ја следи џедајскиот витез по име Lily Tora-Asi и нејзиниот Wookie Master, Arkoff.

Мангата Under Ninja добива ТВ аниме адаптација

Under Ninja e акциона/комедија манга која што почна да се издава во јули 2018 година од авторот и артистот Hanazawa Kengo.

Приказната го следи карактерот Kurou Kumogakure, осамен средношколец на кој што му е доделена работа со скратено работно време како модерна нинџа со задача да изврши меѓународни атентати.

Анимето The Ancient Magus’ Bride добива постер за вториот дел

The Ancient Magus’ Bride: Nishi no Shounen to Seiran no Kishi се случува по настаните од аниме серијалот во 2017 година, со тоа што  Chise добива покана за академијата за магии.

Студио Kafka ја презема продукцијата на The Ancient Magus’ Bride, но актерската екипа на првиот дел од анимето, која беше продуцирана од Wit Studio, ги повторуваат своите улоги.

Viz издадоа прикуел манга за Cruella под насловот Cruella: Black White and Red

Овој месец, ВИЗ ја објави Cruella мангата. Приказната за трансформацијата на Estella во Cruella – нераскажаната приказна за тоа каде све започна. Сместена во лондонската панк-рок ера од 1970-тите.

Приказната и илустрациите од Hachi Ishie се нераскажаното поглавје во животот на Estella која сигурно ќе биде хит кај обожавателите на модата и на негативците на Дизни.

Потврдена е третата сезона на Mairimashita! Iruma-kun (Welcome to Demon School! Iruma-kun)

По емитувањето на 21-та и последна епизода за втората сезона на Mairimashita! Iruma-kun беше потврдена и трета сезона за анимето.

Првата сезона се емитуваше во 23 епизоди во есента 2019 година, по што следуваше премиерата на втората сезона на 17 април, и двете во продукција на Bandai Namco Pictures.

Синопсис на анимето:

Четиринаесет годишниот Iruma Suzuki беше несреќен цел живот, мораше да работи за да заработи пари за своите неодговорни родители и покрај тоа што е малолетен. Еден ден дознава дека неговите родители го продале на демонот Sullivan. Како и да е, грижите на Iruma за тоа што ќе се случи со него набрзо се ослободуваат, бидејќи Sullivan само сака внуче, да го разгалува и да го натера да посетува демонско училиште Babyls.

Мангата Kumichou Musume to Sewagakari (The Yakuza’s Guide to Babysitting) добива ТВ аниме адаптација

Оваа slice of life/комедија манда е напишана и илистрирана од Tsukiya, првиот број е издаден во јуни 2018 година.

Приказна за 28 годишниот Tooru Kirishima кој е вакагашира од групата Sakuragi. Познат е како „The Demon of the Sakuragi Group“ затоа што ја користи својата позиција како јакуза како изговор да прави што сака. Но, еден ден, тој завршува на чело на ќерката на неговиот шеф.

Ива
Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ