Денес е четврток, 13 јуни 2024
ПочетокСтриповиThe Dark Knight Returns - Стрип рецензија од PARAGONS

The Dark Knight Returns – Стрип рецензија од PARAGONS

The Dark Knight Returns е краток Batman стрип серијал од 4 изданија, напишан од Frank Miller – една од најголемите легенди во стрип индустријата.

Како и останатите стрипови по кој е познат (Daredevil: Born Again, Sin City, 300), и овој стрип е фантастичен. Илустратори на стрипот се Frank Miller, Klaus Janson и Lynn Varley. Приказната започнува со Bruce Wayne, кој има 55 години и се враќа како Batman откако светот станува дистопичен, без симбол за надеж. Batman, со помош на нов Robin, се спротиставуваат на новите банди од мутанти,како и полицијата на Gotham, владата на USA, Joker, и финално, Superman.

The Dark Knight Returns е една од најиконичните приказни на Batman. Во времето кога била пишувана приказната, Batman имал поларно спротивна репутација од онаа што ја ужива сега. Пред овој стрип, Batman бил генерално познат поради легендарниот актер Adam West, кој го глумеше Batman во комичен и фамилијарен серијал од 1966-1968. Во The Dark Knight Returns, прикажана е една помарчна итерпретација на The Caped Crusader исполнета со надеж за човештвото како заедница. Влијанието на серијалот можеме да го видиме и во филмот од 2016 Batman v. Superman: Dawn of Justice од Zack Snyder кој е директно инспириран од овој стрип.

Приказната на The Dark Knight Returns е една од најдобрите елементи во стрипот. Користи елементи како емисии на телевизија, интервјуа од граѓани и политичари за да ја прикаже тензијата во Gotham и да го опише влијанието на враќањето на Batman. Но, овој наративен елемент исто така служи како пародија на медиумите, и го истакнува фактот дека тие известуваат само за преувеличени драми кои би им донеле повеќе гледачи. Се ова резултира со социјално деградирање и безчуствителност, што води до корупција.

Како критика би издвоил две работи. Прво, цртежот на моменти знае да е груб. Во споредба со приказната што е адреналинска и „badass“, за жал цртежот не е на исто ниво. Со тек на време, Frank Miller станува подобар, особено во серијалот Sin City, но тука се гледа дека се’ уште го нема достигнато својот артистички врв. Другата критика што ја имам, која не може да се препише директно на стрипот туку на публиката, е тоа како што како резултат на овој серијал луѓето почнаа погрешно го сфаќаат ликот на Batman. Го сфаќаат како еднодимензионален брутален и мрачен лик, и ги игнорираат неговите останати особини како грижливост, саможртвуваност, милостливост, итн.

Земајќи ги во предвид сите позитивни и негативни критики околу серијатлот, The Dark Knight Returns е сепак еден од највлијателните стрипови во историјата, често споредуван со најдобрите стрипови на сите времиња, како Watchmen, Maus, Sandman, и други. Јас лично не би го ставил на исто ниво со нив, но разбирам зошто некои луѓе би го ставиле.

Оценка: 8/10

Рецензијата е напишана од Марко Кузмановски.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО