Денес е недела, 25 февруари 2024
ПочетокФилмовиКомикс МК Рецензија - Oppenheimer ексклузивно во Cineplexx MK

Комикс МК Рецензија – Oppenheimer ексклузивно во Cineplexx MK

PROMETHEUS STOLE FIRE FROM THE GODS AND GAVE IT TO MAN.

FOR THIS HE WAS CHAINED TO A ROCK AND TORTURED FOR ETERNITY.

Christopher Nolan ни пренесува една комплексна, трагична, научна, политичка, историска и нечовечна (или само човечна) приказна. Филм кој е доста долг, со многу разговори, дебати и историски личности кои освен доколку немате познавање за случувањата во тоа време, не така лесно се познаваат. Сепак режисерот одлично ги прикажува нивните улоги и детално го изработува секој можен аспект и важен временски период од животот и кариерата на д-р. Роберт Опенхајмер. Како што вели тој, „Можеби најважната личност во историјата на човештвото.“
Филмот го препорачуваме само за оние кои навистина се заинтересирани во наука, историја, политика и документарни приказни кои траат долго. Ова не е класичен Nolan филм, и токму затоа е посебен, поради прецизноста на вистинската приказна која ја раскажува.

Behind the Image: J. Robert Oppenheimer by Philippe Halsman • Magnum Photos

Техничкиот аспект на филмот е феноменален, со сигурност ќе биде номиниран во повеќе категории на Оскарите. Кинематографија, режија, локации на снимање и костимографија не оставија без зборови. Музичките композиции и звучните ефекти се можеби еден од најдобрите делови во филмот, носат моменти на тензија, трагедија, параноја, стрес, изгубеност и буквално на одредени сцени се тресеа седиштата во кино салата. Секоја чест за Nolan и тимот кој практично го изведе тестот на атомската бомба, едноставно беше преубаво, но и во исто време застрашувачки за гледање и слушање. Ни приредија врвно филмско доживување.

Oppenheimer Cast Reveal Why Christopher Nolan Movies Connect with So Many People | Den of Geek

Единствено нешто за кое имаме замерка е темпото, иако сите дејствија ни донесоа интерес, сепак темпото многу варираше од брзо, на споро, па на различно време.
Актерската екипа и нивната глума навистина не остави без зборови… Изборот на актери е перфектен! Секој од нив беше во една посебна зона на давање се од себе која е возможна само на сетот на Christopher Nolan. Големо браво до Cillian Murphy во главната и Robert Downey Jr. во споредната улога, со сигурност ќе бидат номинирани, а загарантирано е дека Cillian ќе биде добитник на Оскар. Мораме да ги споменеме и Matt Damon, Emily Blunt и Florence Pugh.

Oppenheimer' cast walks out of UK premiere ahead of SAG strike | CNN

„Oppenheimer” е наменет за сите генерации, филм кој е доста тежок, но ја открива вистината за човештвото, согледува низ призмата на секое политичко уредување, и дава значење на неизбежното, самоуништување. Поставува многу прашања, пренесува многу парадокси и вредности кои треба секој од нас длабоко да ги размисли.
Што е добро, а што е лошо?
Дали моралноста е толку едноставна вредност во светот во кој живееме?
Што го прави еден човек добар, мудар, рационален, емотивен или лош?
По која цена се губи човечки живот?
Дали сегашната жртва носи простор за проучување, осознавање и мир?
Дали сегашниот живот носи се поголема жртва?
Никој не е во право, но дали сите се исто грешни?
Дали постапките на секоја голема влада носат иста судбина кога станува збор за атомско оружје?
Дали без двете фрлени атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки светот ќе имал напредок?
На кој друг начин ќе се изврши тест на ова монструзоно оружје, ако не за време на Втората светска војна?
На која страна лежи правдата? Постои ли такво нешто?
Покрај повеќето заклучоци и поенти, воочивме дека без разлика на државата, народот, религијата или определбата, единсвеното нешто кое е неизбежно, е дека самоуништувањето е наша човекова природа. Физиката е нешто свето, наука која ни носи огромни откритија и можеби еден ден ќе ни даде одговор на нашата егзистенција во универзумот, но во човекови раце, преку политички игри, физиката е претворена во оружје за масовно унижување.
Минатото и сегашноста се застрашувачки, мирот е само еден недостижен сон, но во исто време, се е релативно. Исто како најпозната формула на Алберт Ајнштајн која сугерира дека масата е взаемно различна со енергијата, тоа се две различни форми на истото нешто. Под правите услови, масата може да стане енергија, и обратно. Исто како човековата природа, покрај сите разлики и политички гледишта, сепак заклучокот се сведува на неизбежното.

J. Robert Oppenheimer's Defense of Humanity - WSJ

9/10

Рецензијата е напишана од Давид Ристовски.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ