Денес е недела, 14 април 2024
ПочетокСтриповиEast of West - Стрип Рецензија од PARAGONS

East of West – Стрип Рецензија од PARAGONS

THE THINGS THAT DIVIDE US ARE STRONGER THAN THE THINGS THAT UNITE US

Изминатиов период го читав стрип серијалот East of West (Jonathan Hickman, Nick Dragotta) – драматичен sci-fi western кој ми ги исполни сите очекувања. Дејствието се случува во иднината, во изменета Америка (САД) каде граѓанската војна меѓу северот и југот ескалирала и траела се до почетекот на 20тиот век. Тогаш, поттикнато од пад на метеор во центарот на Америка, сите спротиставени страни се собираат во кратерот и договараат мир, како и поделба на Америка на 7 територии – The Union (северот), The Confederacy (југот), The Kingdom (територија на афроамериканците), The Endless Nation (територија на индијанците), The PRA (истокот – територија на Кинезите), The Republic of Texas и Armistice (кратерот каде што паднал метеорот). Во ваквата Америка, една од најпопуларните религии е следењето на таканаречениот “The Message” – напис кој ја предвидува апокалипсата, а тука да ја спроведат се The Three Horsemen – Conquest, Famine и War. Death, четвртиот јавач на апокалипсата, ги има предадено своите браќа и сестри, и сега си брка друга работа. Од овде, приказната од една страна го следи Death во своите патешествија, а од друга страна ни прикажува сеопфатна војна помеѓу седумте територии.
Најдобрата карактеристика на East of West серијалот е светот, кој е навистина епски и фантастичен, заживеан со цртежите на феноменалниот артист Nick Dragotta. Се чувствува големината, исполнетоста со карактери и разликата во обичаите и културите на секоја територија. Приказната е добра, а на моменти и одлична, но душата на стрипот сепак ја носи светот. Главните карактери и нивното развивање и растење низ приказната се исто така предност. Kарактер кој ќе ми остане долго време запаметен е лудиот Archibald Chamberlain – еден од лидерите на The Confederacy, кој е толку комплексен карактер што до последен момент не се знае кому е лојален – дали на оние што сакаат да ја почнат, или спречат апокалипсата. Главниот лик – Death, е исто така одлично напишан и дизајниран, и секој дијалог или панел во кој тој учествува беспрекорен. За жал, приказната не ни открива многу работи за минатото на Death, ниту пак за минатото на другите Horsemen, што според мене претставува огромен нереализиран storytelling потенцијал.
Со сите свои предности, сепак, East of West има солиден број на недостатоци. Приказната на моменти знае да го изгуби темпото и да стагнира – неколку епизоди да не се случува ништо, и потоа премногу работи да бидат сместени во една епизода. Ова се случува особено поради развлечени дијалози кои повеќе служат како филери отколку како алатка да се прикаже нешто суштинско. Друга критика е што има премногу карактери, што само по себе не е лошо, но проблемнот настанува кога сите меѓусебно се комплексно (често без поента) поврзани. На моменти станува навистина тешко да се следи кој е кој и што му се мотивите. Огромен недостаток кај East of West е и нелогичното војување: едни се борат со ножеви, други со технологија, трети со снајпери, четврти со бомби, петти со магија; и оние што треба да се објективно најјаки или најслаби, губат или победуваат поради plot armor. Битките во East of West наликуваат на онаа сцена на Game of Thrones, кога на Daenerys Targaryen од нигде никаде и убија еден змеј и изговорот на режисерите беше дека „Dany kind of forgot about the Iron Fleet…”.
Всушност, East of West потсеќа со многу работи на Game of Thrones: епски свет, повеќе помали приказни кои на крај се спојуваат, големи војни, комплексни карактери, долгометражност, а некои би рекле и со избрзаниот крај. Севкупно, East of West e многу добар стрип кој со мали, но чести недостатоци, не успева да се истакне и да го исполни целосниот потенцијал кој го има приказната.

Оценка: 7/10

Рецензија напишана од Војдан Андонов од @paragonscomics.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ