Денес е вторник, 19 март 2024
ПочетокФилмовиAvatar: The Way of Water - Рецензија без спојлери

Avatar: The Way of Water – Рецензија без спојлери

Со нетрпение чекавме да Ви раскажеме за новиот ЕПСКИ sci-fi дел во револуционерната франшиза на James Cameron.

Нашиот тим имаше за среќа да го искуси токму ОВОЈ филм во IMAX 3D (Cineplexx One Salonica, Thessaloniki), искуство кое е неописливо со зборови.

Многу повеќе за сите кино технологии можете да прочитате ТУКА!

Рецензија напишана од Давид:
Филм кој пренесува универзални, морални и природни вредности од кои сите може да научиме и да ги примениме во нашите животи.
Уште од првиот Avatar филм во 2009 година, извонредниот James Cameron се решил да го промени светот, но не само преку револуционерна технологија во филмската индустрија, туку преку пренесување на значајна порака која е наменета да биде подвик на идните генерации. Во најновото издание сме сведоци на сентиментални вредности кои имаат клучно значење за планетата Земја, начинот на кој треба да го живееме нашиот живот и што навистина значи да се биде дел од една фамилија.
Најпрво да го потврдиме очигледното, визуелните ефекти се дефинитивно едни од најдобрите (ако не и најдобрите) во историјата на филмската индустрија. Целосно влеговме во светот на Пандора со фантастичните шуми и мистичните води на океанот како дел од невролошката природа на Eywa. Нашите очи немаат видено нешто вакво досега. Музичките композиции (изработени од Simon Franglen) се ништо помалку од врвни, посебно песната „The Songcord” во изведба на Zoe Saldana која донесе солзи во нашите очи преку опис на тага, гнев, љубов и верба.
Воедно ова е најскапиот филм во историјата на човештвото со конечен буџет од $450 милиони.
Секој од ликовите (посебно децата) се препознатливи по нивните особини и способности, тие се сосема добро и реално опишани, а при самиот крај може да се осети нивниот character development. Феноменална задача кога станува збор за ликовите, а видовме и доста голем потенцијал за нивните улоги во следните Avatar филмови.
Светот на Пандора е буквално продлабочен преку претставување на нови племиња кои се дел од различна раса приспособена на водните услови во кои живеат. Целиот морски свет и живот носи своја магија која е во хармонија и заедништво со останатите делови од планетата. Едноставно преубаво.
Единствено нешто кое го имаме како замерка е темпото кое на одредени моменти згаснуваше како резултат на долгото времетраење од 3 часа и 10 минути, но сепак во секој момент ќе уживате и можеби нема ни да осетите дека трае толку долго. Имајте на ум дека следуваат уште три Avatar филмови кои ќе имаат доволно и дополнително простор да ги разјаснат и прошират дејствата во овој свет.
Филм кој е свежо продолжение на првиот, иако има слична и едноставна приказна, сепак има многу различни, нови и длабоки поенти. Голема емоција, акција и свет кој МОРА да го доживеете само во КИНО, верувајте дека ова е култно искуство кое не смее да се пропушти.
Како за крај ќе завршиме со една наша омилена поговорка од првиот и воедно вториот филм:

“All energy is only borrowed, and one day you have to give it back.” — Neytiri

Ние самите одлучуваме на кој начин ќе ја искористиме енергијата која ни е само позајмена од нешто поголемо, дали ќе биде за уништување или сочувување.

9/10

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ