Денес е петок, 23 јули 2021
ПочетокСтрипови18 годишната Искра со нов СТРИП (Webtoon) ни го претставува нејзиниот извонреден...

18 годишната Искра со нов СТРИП (Webtoon) ни го претставува нејзиниот извонреден талент!

Стрип за една љубовно-фраерска приказна во која стилот на цртање наликува на вистинска Манга/Аниме!

Искра има 18 години и учи во гимназијата „Панче Арсовски“ во Скопје, уште од мали години се занимава со цртање а со дигитално цртање започнува од 12 години на Microsoft Paint.

После кратко време, Искра продолжува со цртање на Paint Tool Sai, а во моментов ги изработува нејзините дела на релативно новата веб платформа WЕBTOON Canvas (поранешно Discover) која на некој начи служи како дигитално издавачко место за сите нови креатори на стрипови.

Талентот кој го поседува е навистина зачудувачки и еден ден со сигурност може да се пробие како голем интернационален артист во светот на мангата и стриповите.

„I Fell In Love With My Ex“ – Краток опис на стрипот:

„Josh is what most people consider a womanizer. He can get any girl he wants, but with one rule: No exes! Exes belong in his blocked list, but will that rule remain after he meets her again, the girl that will turn his world into utter chaos?“

Стрипот е на француски бидејќи во моментов Искра се натпреварува преку веб платформата, нејзиното дело има над 800 прегледи, можете да го прочитате ТУКА.

Искра беше дел од нашата повеќемесечна програма (Pop Culture Lab) која вклучуваше и пишување-цртање на стрип во соработка со American Corner Skopje.

Порака од Искра до читателите на comics.mk:

„Цртајте затоа што сакате а не затоа што морате, правете паузи кога ви се потребни, запамтете дека нема лош цртеж, има различни стилови на цртање. Доколку сакате да работите на стрип, имајте на ум дека ќе ви одземе многу време па токму затоа е потребно добра организација на вашето време.“

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ