Денес е петок, 26 април 2024
ПочетокПоп КултураTурнир во друштвената игра „Дјун: империум“

Tурнир во друштвената игра „Дјун: империум“

Битката за Аракис преминува во Скопје!

На 3 јуни (сабота) од 10 часот во Борд гејм кафе „Само“ во Скопје ќе се одржи турнир во друштвената игра „Дјун: империум“. Играта e инспирирана од славниот научно-фантастичен роман на американскиот писател Френк Херберт од 1965 и неколкуте негови продолженија, како и од филмуваната верзија „Дина“ од 2021, чиј втор дел се очекува во ноември 2023.

Организатори на турнирот се: Иво Бару, Никола Докоски, Владимир Настовски и Љупчо Нечовски. Сите се дел од неформалната Фејсбук група Board Games MKD, во која членуваат заинтересирани за ова хоби. Ова е прв пат да се организира турнир за оваа игра кај нас.

Пријавени се дваесет учесници кои по пат на бодување и елиминации во текот на денот ќе го дадат победникот. Покрај парични награди, најдобрите играчи ќе добијат и игри од Гоблин и од македонската издавачка куќа Final Frontier Games. Целиот награден фонд е околу 200 еу.
Директен пренос од финалето ќе може да се гледа на спомнатата ФБ група и на Твич каналот на GG.mk, кои исто така го поддржуваат турнирот. Преносот ќе започне околу 19ч.

Кој ќе завладее со Аракис? Борбата за планетата на пустините започнува. Дваесетте борци, претставници на различните династии и слободни племиња, ќе ги соочат своите вештини. Дали ќе победи некој од борците на куќата Атреидес или Харконен? Претставник на Фремените? Или можеби случаен патник низ пустината. Сите заинтересирани се добредојдени да присуствуваат и да навиваат за својот фаворит.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО