Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокОпштоЗборуваме за судењето помеѓу Johnny Depp и Amber Heard

Зборуваме за судењето помеѓу Johnny Depp и Amber Heard

Johnny Depp победи на судењето кое го пратеше цел свет, а сега ние ќе зборуваме за деталите поврзани со истото.

Johnny Depp ја осуди неговата поранешна сопруга Amber Heard за клевети кои таа ги изјави во 2018 година. Имено, актерката во The Washington Post со своите изјави се опиша себе како жртва на семејно насилство. Овие клевети многу му го нарушија угледот на Johnny, а воедно тој изгуби и многу значајни филмски улоги.

Во сведоштвото, Amber го обвини Depp за вербално, физичко и сексуално насилство. Johnny го негираше тоа и изјави дека никогаш нема удрено жена, а воедно и дека всушност самиот тој е жртва на семејно насилство.
Адвокатите и на двајцата актери изнесоа многу докази во вид на аудио снимки, видео снимки и фотографии, а воедно имаше и сведоци меѓу кои беше поранешната девојка на Johnny, Kate Moss и претседателот на DC Films, Walter Hamada.

Експертско мислење за случајов даде и Lauren Anderson, клинички психолог кој во 2015 година им бил брачен советник на Heard и Depp. Тој нивниот брак го опиша како брак со меѓусебно насилство.
На судењето по тужба за клевета кое траеше скоро два месеци, судот пресуди дека Amber го наклеветила Johnny во три различни изјави, но и дека тој ја наклеветил нејзе со една изјава од неговиот адвокат. Актерот доби компензација од 15 милиони долари, а компензацијата на Amber изнесуваше 2 милиони.

По пресудата дадоа изјави и своето (не)задоволство го истакнаа актерите и нивните адвокати.
Адвокатите на Depp, Benjamin Chew и Camille Vasquez го изјавија следново:
„We are grateful, so grateful, to the jury for their careful deliberation, to the judge and the court staff who have devoted an enormous amount of time and resources towards this case.“

Johnny Depp кажа дека поротата му го вратила животот и своето задоволство го истакна со овие зборови:
„From the very beginning, the goal of bringing this case was to reveal the truth, regardless of the outcome. Speaking the truth was something that I owed to my children and to all those who have remained steadfast in their support of me. I feel at peace knowing I have finally accomplished.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Johnny Depp (@johnnydepp)

А, спротивно на него, Amber Heard го истакна своето незадоволство со пресудата.
„The disappointment I feel today is beyond words. I’m heartbroken that the mountain of evidence still was not enough to stand up to the disproportionate power, influence, and sway of my ex-husband.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)

По завршувањето на судењето со кое се “исчисти образот” на Johnny, фановите и медиите веќе шпекулираат дека тој ќе го пишува последниот дел од легендарните филмови, Pirates of the Caribbean, каде за последен пат ќе ја игра улогата на Jack Sparrow

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ