Денес е понеделник, 20 мај 2024
ПочетокГејмингЗапознајте ги TORON 531 - новите гејминг слушалки на GENESIS!

Запознајте ги TORON 531 – новите гејминг слушалки на GENESIS!

Во потрага сте по гејминг слушалки кои ќе ви овозможат да го слушнете секој можен детал? Имаме добри вести за вас! Потрагата заврши затоа што новиот Toron 531 модел на Genesis го нуди токму тоа, а и многу повеќе!

Благодарение на Genesis, ја имавме таа чест да уживаме во врвниот квалитетмодерниот и ергономски дизајн како и големиот број на корисни функции на Toron 531 кои со сигурност можеме да кажеме дека се слушалките кои секој гејмер треба да ги поседува. Тие се компатабилни за буквално СИТЕ уреди!
Производот е достапен само во продавниците на Anhoch!
Технички спецификации на Genesis Toron 531:
  • Комбатабилни за Android, Asus Rog Ally, XBOX One, Microsoft XBOX One S, Microsoft XBOX One X, Microsoft XBOX Series S, Microsoft XBOX Series X, PC, Sony PlayStation 3, Sony PlayStation 4, Sony PlayStation 5 и Steam Deck.
  • Еден метар долг жичен 3.5 мм 4-пински приклучок кој овозможува поврзување со голем број уреди како гејминг конзоли и лаптопи.
  • 1.5 метри долг разделник со два 3-пински приклучоци наменет за поврзување на слушалките со компјутер.
  • 2.0 стерео тон.
  • Тежина на производот: 240 г
  • Драјвери со дијаметар од 50 мм – димензија која гарантира квалитетен и чист звук.

  • Распон на фреквенција од 20-20,000 Hz со што добивате балансиран и детален звук без премногу непотребен бас.
  • Интересен факт: Распонот на фреквенција е специјално дизајниран да биде блиску до Хармановата крива на фреквенции која е научно докажана дека е идеална за човековото уво.
  • Микрофон кој лесно се адаптира согласно вашите потреби и воедно нуди можност за негово едноставно отстранување.
  • Додаток на кабелот со кој лесно се контролира функцијата на микрофонот и се менува звукот на слушалките.
  • Сензитивност на микрофонот: -42 dB.
  • Затворен дизајн кој ќе ве изолира од надворешната бучава.
  • Мемори пена обложена со специјален материјал коj овозможува максимален комфор.
  • Флексибилна и приспособлива конструкција = дополнителен комфор!
  • Метална заштита во специфична Gun Metal боја.
  • Дополнително: можете да купите два пара заштитници за уши од различни материјали (ткаенина или протеинска кожа/ткаенина).

Производот е достапен тука: https://www.anhoch.com/product/599881885/headphones-genesis-gaming-toron-531-black

Зошто Genesis Toron 531 е нашиот избор? 
Секој вистински гејмер знае дека пронаоѓање на перфектните слушалки кои воедно нудат и идеален однос меѓу цената и квалитетот е скоро невозможна мисија. Но сега, со Toron 531, ниедна мисија од вашите омилени видеоигри нема да ви претставува проблем.
Првото нешто што ни остави голем впечаток е врвниот комфор. Верувајте, ќе се заљубите уште првиот пат кога ќе ги пробате. Откога ќе ја приспособите конструкцијата, мемори пената на слушалките ќе се приспособи на вас, транспортирајќи ве во вистинскиот звук на гејмингот.

Покрај тоа што добивате комплетна излоација од надворешни звуци, тие се детално дизајнирани да бидат удобни за носење со часови, без да ви предизвикаат болка и неудобност, а материјалот од кој се направени перничињата за уши е мек и лесно проветлив со цел оптимална температура и минимално до никакво потење. А дополнително си добивате и екстра перничиња, изработени од материјал специјално за жешките летни денови (прочитај погоре во спецификациите).

Дали сте знаеле дека за повеќето производи, така и за овие, тимот на Genesis ги дизајнира по највисоки стандарди, со цел да овозможат трајност во корелација со квалитет. Зоздавање на слушалки да траат долго не е воопшто лесно, но не е и невозможно. Резултатот на тоа е флексибилната лента на горниот дел од производот, цврсти рами и држачи од страните и метални држачи во надворешниот простор кај перничињата.

Без разлика дали е тоа богатиот свет на “The Witcher 3” каде сите фанови уживаат во маестралните композиции или пак тактичките “Counter Strike” и “Valorant” каде победата често зависи од навремено слушање на противникот, Toron 531 е тука да ви послужи за секој тип на игра, од хармоничен звук, па се до брза акција!
Што ги прави овие слушалки посебни?
Јасно е дека звукот и комфорот се најважните карактеристики на кои внимаваме кога купуваме слушалки. Како што видовме, Toron 531 се двои од конкуренцијата и ги задоволува тие потреби на високо ниво. Но тоа не е сè бидејќи овие слушалки имаат уште многу да покажат!
За максимално да ги тестираме овие слушалки и нивната примена во компетитивни видеоигри, ја игравме Call of Duty: Warzone (победивме, секако) и микрофонот го пренесуваше звукот одлично.

Со можноста комфортно да се приспособи, истиот нема да ви попречува во играта, а квалитетот на звукот ќе биде од голема корист за вашиот тим. Напомена (од искуство): Грицкање може да му попречи на тимот во мисијата за победа.
Воедно, доколку користите посебен микрофон или пак ви пречи тој што е на слушалките,  истиот може да биде едноставно и брзо отстранет. Се што треба е само еден “клик”.
Зошто се толку лесни за користење?
Многу просто, можат да се приклучат за било кој уред со 3.5mm Jack конектор!
Пак ќе повториме, комбатабилни за Android, Asus Rog Ally, XBOX One, Microsoft XBOX One S, Microsoft XBOX One X, Microsoft XBOX Series S, Microsoft XBOX Series X, PC, Sony PlayStation 3, Sony PlayStation 4, Sony PlayStation 5 и Steam Deck.

Заклучок!
Прекрасен дизајн, звук со врвен квалитет и многу корисни додатоци за прифатлива цена. Звучи невозможно нели? Не кога Genesis е во прашање.
Новиот Genesis Toron 531 е сè што еден гејмер може да посака. Без разлика дали сте гејмер кој сака комфорно да ужива во single-player видеоигрите или пак некој кој дава се од себе за уште еден Victory Royale, ова се слушалките кои ќе ви овозможат беспрекорно квалитетен звук!
Производот е достапен во продавниците на Anhoch или онлајн на следниот линк.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО