Денес е четврток, 13 јуни 2024
ПочетокГејмингЗаедно со Анхоч го најавуваме првиот Tekken 8 турнир во Македонија!

Заедно со Анхоч го најавуваме првиот Tekken 8 турнир во Македонија!

Настан каков што заслужува нашата гејминг заедница!

Во соработка со Анхоч, со огромно задоволство и гордост ви го најавуваме првиот Tekken 8 турнир за сите љубители на оваа безвременска франшиза.
Датум: 27.01.2024 со почеток во 12:00ч.
Локација: Capitol Mall – Аеродром, Скопје, 2ри кат.
Ова не е обичен турнир, туку 5 часовна мега забава исполнета со изненадувања, топли прегратки, танцување и боречки вештини и секако фантастични награди.
Забавата и одличните награди се загарантирани и за учесниците но и за целата публика.
Се започнува на 27.01.2024 во 12:00ч со непобедливата енергија на единствениот Марко Новески (marko noveski)кој ќе Ве води низ целиот настан.
Она што може да го очекувате:
  • Награди за најдобрите 3 натпреварувачи:
    • Прво место: Анхоч гејминг вредносен ваучер во висина од 12.000 денари
    • Второ место: Анхоч гејминг вредносен ваучер во висина од 6.000 денари
    • Трето место: Анхоч гејминг вредносен ваучер во висина од 3.000 денари
    • Натпреварот ќе биде координиран и изведен во светски рамки, со добро познат Координатор и Судија од нашиот простор.
  • Награди за посетителите и оние кои ќе бидат со нас (Iron Fist Hour, односно Часот на Челичната Рака) :
    • Игри
    • Хардвер
    • Маички
  • Уникатен косплеј: Фантастичните Ива – Avi Cosplay (avicosplay) и Мартин Соколовски (2jz) ќе бидат облечени во улога на едни од главните ликови во новото издание на играта Теккен 8 – Лили и Џин.
Ќе имате шанса и да се сликате со нив, а можеби да дознаете и некоја тајна за Лили и Џин.
  • Сето ова ќе биде зачинето и со можност да видите уникатни боречки вештини од страна на веќе докажани мајстори во оваа област, односно:
Школа за Изворни Јапонски Борбени Вештини и Култура
TENRYU – BUSHIDO SCHOOL
Иванчо Горјанин сенсеи (
igorjanin)
Ги очекуваме сите љубители на Теккен но и секој кој сака да биде дел од уникатен настан каков што заслужува нашата гејминг заедница на заедничка забава и дружење.
Ние потврдуваме присуство а вие?
Погледнете ги сите детали на www.anhoch.com

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО