Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокГејмингДобиваме Gameplay trailer и многу новости за Call of Duty: Modern Warfare...

Добиваме Gameplay trailer и многу новости за Call of Duty: Modern Warfare 2 и Warzone 2

Детално зборуваме за сите нови податоци кои ги знаеме за следните Modern Warfarе и Warzone видеоигри.

Студиото Infinity Ward со „gameplay trailer“ ја најави својата нова голема видеоигра, Call of Duty: Modern Warfare II. Приказната на видеоиграта е продолжеток на Modern Warfare, која по многумина е најдобрата Call of Duty видеоигра во последниве неколку години. Воедно добиваме и „multiplayer mode“ заедно со нов тактички „co-op“ стил на игра.

Еве како студиото ја опиша „campaign“ приказната:
„Modern Warfare ll picks up the action as the sequel to Modern Warfare (2019) as the newly formed Task Force 141 faces a massive global threat across a campaign of missions that push the boundaries of gameplay. The action takes players around the world as Task Force 141 works to neutralize a terrorist conspiracy and attack on the US, spanning locations around the globe. A newly aligned menace conspires to create chaos inside the US’ borders and Task Force 141 must come together against all odds.
Players will fight alongside the most iconic characters in Modern Warfare, including Captain Price, Ghost, Soap, Gaz and Laswell, as well as encounter a host of lethal new allies like Mexican Special Forces, Colonel Alejandro Vargas, and adversaries drawn from the murkiest corners of the global war on terror.“

А за играчите што играат „multiplayer“ студиото подготвува нови големи мапи за чија изработка многу научиле од добро познатата Verdansk мапа, а секако ќе има и помали наменети за играње 6v6 и слично. Како новитет во оваа видеоигра ќе имаме уште еден „mode“ кој студиото го опишува како “an evolved special ops game mode featuring tactical co-op gameplay.”
Освен новостите за Modern Warfare II, добивме и уште една потврда дека во изработка е Warzone Mobile (за која сè уште нема детали), а и дека се подготвува нова Warzone 2 видеоигра.
Според јутјуберот Westie, двете нови Call of Duty видеоигри ќе имаат „gameplay“ кој ќе се разликува од тоа што ни е познато. Да видиме за што зборуваше тој.
  • Качувањето. Играчите ќе можат да се качуваат на некои делови од градбите, а воедно и да висат на рабовите на истите.
  • Пукање во движење. Ќе биде овозможено пукање во различни ситуации од типот на отворање врати, качување и спуштање по јаже и сл. Нешто што сме го виделе во Tom Clancy’s Rainbow Six Siege. 
  • Пливање и промени кај водата. Конечно ни пристигнува пливањето во Call of Duty. Според Westie, ќе може да пливаме на површината или пак да нурнеме и да се скриеме во длабочините. Возилата ќе успоруваат во водата и што подлабоко одат така ќе се полнат со вода и ќе тонат. А еден од најголемите новитети е тоа што куршумите ќе успоруваат при контакт со водата.
  • Промени во добивањето на додатоците на пушките или т.н. „attachments“. Пример, ако отклучите „attachment“ на едно оружје од SMG класата истиот станува достапен на сите SMG оружја.
  • Модифицирање на додатоците на пушките. Доколку добиете „barrel“, вие истиот ќе можете прецизно да го модифицирате по ваша желба. Пример, можете да го направите потежок, па со тоа да намалите recoil, но да зголемите ADS и сл. Звучи малку комплицирано, но воедно и интересно.
  • Присуство на „bots“. Со цел сите играчи да уживаат и играта да има баланс, ќе има „bots“ во мечевите каде мнозинството се послаби играчи или пак играчи со некои попречувања.
  • Промени кај возилата. Освен промените кои ги споменавме во делот кај водата, овие видеоигри ќе имаат уште еден интересен додаток, а тоа е пукањето на гумите со што возилото станува поспоро и потешко за контролирање.
Студиото со следниве зборови најави дека ова ќе претставува „нов почеток“ за Call of Duty:
„October 28th marks a new beginning for Call of Duty starting with the release of Modern Warfare II. Soon after, a wholly new Warzone will launch as an extension of the Modern Warfare II universe. With it comes new technology, new features, and new gameplay that work seamlessly together. Throughout, we have taken a wide range of community feedback to heart. In order to fully deliver this state-of-the-art experience, Warzone 2.0 will feature new Modern Warfare II content and systems with brand new progression and inventories. Today’s Warzone will continue on as a separate experience that will include a continuation of player progression and inventories within that Warzone experience.“

Call of Duty: Modern Warfare II пристигнува на 28-ми октомври, 2022 година на PS4, PS5, Xbox One, Xbox Series X / S и PC (на Battle.net, но и на Steam). А Warzone 2, како што може да прочитаме во изјавата, ќе биде достапна малку покасно оваа година.
Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ