Денес е петок, 29 март 2024
ПочетокГејмингПристигнува next-gen update за The Witcher 3: Wild Hunt

Пристигнува next-gen update за The Witcher 3: Wild Hunt

На крајот од оваа година ќе добиеме нова, подбрена верзија на The Witcher 3: Wild Hunt

Една од најголемите „RPG open world“ видеоигри која во 2015 година го доби секое можно признание од критичарите (и гејмерите), вчера го прослави својот седми роденден.
Студиото кое стои зад овој masterpiece, CD Projekt Red ја искористи оваа прилика да најави дека во четвртиот квартал од оваа година ќе имаме можност да ја играме видеоиграта, сега со подобрено и модерно „next-gen“ искуство.

Овој update ќе биде бесплатен за сите кои ја имаат видеоиграта на PC, PlayStation 5 и Xbox Series S/X и како што е најавено, ќе биде заедно со сите DLCs а ќе има и дополнителен DLC инспириран од Netflix серијата.

Што друго ќе добиеме освен досега споменатото? Потврдени се нови графички подобрувања (карактеристики), останува да видиме како ќе бидат изработени.
Сепак со најавата на овој проект за 2021 година и со одложувањето на истиот за крајот на оваа година, може да се надеваме дека студиото има за цел да го изработи до максимален квалитет.

Тино
Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ