Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокГејмингНи пристигнуваат две големи видеоигри ексклузивно за Android и iOS

Ни пристигнуваат две големи видеоигри ексклузивно за Android и iOS

Apex Legends Mobile и The Lord of the Rings: Heroes of the Middle-earth се двата наслови кои ќе може да ги играме на мобилните телефони. 

Студиото Respawn Entertainment најави дека на 17-ти мај сите корисници на Android и iOS мобилни телефони ќе можат да ја играат мобилната верзија на големиот Battle Royale хит, Apex Legends.

Играчите веќе можат да направат pre-register и со тоа ќе добијат известување кога играта ќе биде официјално достапна, а доколку играта дојде до доволнa бројка на „pre-registrations“, играчите ќе добијат и награди (Fateful Games, On Target banner poses, Epic R99 skin, Molten Earth Epic skin).
Apex Legends Mobile ќе ја има оригиналната, добро позната мапа „World’s Edge“, каде ќе бидат достапни модовите како „Battle Royale“, „Team Deathmatch“ и „3v3 Arena“. Иако истово е достапно и на верзијата за PC и конзолите, сепак оваа видеоигра ќе користи друг сервер, па така нема да поддржува „cross-play“.

Што се однесува до карактерите со кои играме, познати како „legends“, студиото најави дека ќе бидат достапни Bangalore, Bloodhound, Gibraltar, Lifeline, Mirage, Pathfinder, Octane, Wraith и Caustic (достапен при пристигнување на 25 tier на Battle Pass).
Видеоиграта ќе биде бесплатна, но затоа ќе има многу козметички надградби кои заедно со претходно споменатиот Battle Pass, ќе можете да ги добиете со купување.

Следниот голем наслов кој ќе може да го играме на мобилните телефони е The Lord of the Rings. Оваа видеоигра ќе биде изработувана од EA Capital Games, студиото кое ни ја донесе Star Wars: Galaxy of Heroes.
За разлика од Apex Legends Mobile, оваа видеоигра ќе ја добиеме малку покасно. Според најавите, таа летово ќе го има своето бета тестирање, а тоа кога ќе биде достапна за сите, сè уште не е познато.
Malachi Boyle, потпретседателот за мобилни RPG видеоигри на EA, ја опиша како „turn-based combat“ видеоигра која ќе има голем број на карактери од светот на The Lord of the Rings and The Hobbit.
А воедно додаде и дека видеоиграта ќе има “high-fidelity graphics, cinematic animations, and stylized art” и дека ова ќе биде првата видеоигра изработена од EA за мобилни телефони која ќе биде инспирирана од приказните и ликовите на J.R.R Tolkien.

 

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ