Денес е вторник, 6 декември 2022
ПочетокФилмовиГо гледавме Thor: Love and Thunder - Рецензија без спојлери

Го гледавме Thor: Love and Thunder – Рецензија без спојлери

Новото продолжение на Thor понуди феноменална актерска екипа со сериозен потенцијал кој е изгубен во ,,креативноста” на режисерот Taika Waititi.

Благодарение на Cineplexx MK, вчерашната премиера беше вистинско уживање, исполнета со фанови, дружба, позитивна атмосфера, рок музика и подиум за сликање со двете легендарни оружја на Thor, Mjolnir и Stormbreaker.

Првата половина од филмот се чувствува како пародија, буквално во секој момент е вметната комедија која е напорна за следење и слушање. Додека пак втората половина од филмот се осврнува кон поголема сериозност, емоција и грандиозност.
Темпото е измешано без природен тек на настаните (од брзо-споро, од сериозно-несериозно), единствени битни ликови во филмот се Jane, Thor и Gorr само поради фактот дека улогата ја имаат феноменални актери, нивниот Character Development беше нејасен и избрзан (покрај нивните клучни мотиви, требаше повеќе да се насочат кон начинот на кој Gorr ги добива моќите и да дадат поголемо значење на како всушност Jane ја превзема улогата на The Mighty Thor). Christian Bale уште еднаш ги докажа неговите врвни актерски способности иако неговиот лик имаше поголем потенцијал и беше релативно малку во филмот, Natalie Portman беше убаво освежување, Chris Hemsworth како и секогаш е шармантен и смешен, одредени фанови ќе речат дека навистина неговиот лик ја пронајде целта во животот, а пак некои и нема толку да бидат задоволни.

Thor: Love And Thunder — 10 New Takeaways From The Full Trailer

Се доловуваат вредности на љубов, загуба, жртва, забеганост, фамилија, его и себичност (на боговите). Може да кажеме дека токму тие елементи убаво се совпаѓаат помеѓу личните приказни на сите ликови, но ни фалеше повеќе време со цел поубаво да ги разбереме.
Визуелните ефекти беа добри скоро во сите моменти, многу сцени наликуваа како да се пресликани директно од стрип, а светот на грчките богови беше визуелно прекрасно доловен заедно со Russell Crowe во улогата на Зевс кој беше погодено опишан во стилот на Marvel. Ќе искусите интересни references и easter eggs во тие сцени.

Thor: Love and Thunder: what will Russell Crowe's Zeus look like? - Crast.net

Ragnarok дефинитивно си останува супериорен, оригинален, најдобар Thor филм со балансиран тек на настани, убаво интегрирана комедија и поголемо значење на сите присутни ликови. Taika Waititi ги двојно ги вметнува сите овие елементи од Ragnarok па токму затоа Love and Thunder дава чувство на претераност, наспроти креативност.
Очекувавме многу повеќе од Guardians of the Galaxy, нивните улоги сосема непостоечки иако динамиката помеѓу нив и Thor е разбирлива сепак требаше да имаат поголемо значење и да се вклопат со останатиот дел од приказната (како Hulk во Thor: Ragnarok).
Рок песните и стилот се вклопија одлично, но сепак како да имаше помалку од очекуваното.
Акцијата (посебно против Gorr) беше убаво осмислена, единствено фалеше малку поконкретна кореографија и стил на тепање.
Филм кој за жал не треба да се сфати сериозно, препознатлив по интересни, визуелно убави моменти, заедно со тензични и морничави сцени со Gorr како и инспиративни, badass сцени од Jane, емотивни моменти и неколку големи изненадувања кои ќе се рефлектираат на иднината во филмскиот универзум на Marvel.

6.8/10

The Goats were GOATS!
P.S. Имаше една Love-Triangle смешка која траеше предолго…

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ