Денес е сабота, 26 ноември 2022
ПочетокФилмовиKevin Feige бил на работ кон напуштање на Disney / Marvel Studios...

Kevin Feige бил на работ кон напуштање на Disney / Marvel Studios и придружување на Warner Bros. / DC

Дознаваме зошто Kevin бил многу блиску до напуштање на филмскиот универзум на Marvel. 

Kevin Feige ја започнa својата кариера како асистент и продуцент на Marvel филмови кои биле изработени од страна на Sony (Spider-Man) и 20th Century Fox (X-Men), па дури подоцна со Iron Man (2008) тој го превзема кормилото на најуспешната филмска франшиза во историјата (со заработка од $26 милијарди).

Гледајќи го овој успех, Warner Bros. сакаа да го постигнат истото, со дебито на Man of Steel, стартуваше нивниот DC Extended Universe. Овој универзум не го доживеа успехот за кој студиото очекуваше, па после скоро десет години, тие сеуште не ја пронашле победничката формула на Marvel Studios и Kevin Feige.

Во овој момент, филмскиот универзум на Marvel е во својот Phase 4, а Kevin Feige е претседател на Marvel Studios, главен креативен директор на Marvel (стрипови, филмови, ТВ серии и слично) како и незаменлив водач на компанијата.
Нешто кое не било случај за време на Phase 2 (2013-2015).

Marvel Cinematic Universe Infinity Saga Phase 2 | Marvel cinematic  universe, Marvel, Marvel superheroes

Имено, за време на изработката на Phase 2, Kevin бил незадоволен и огорчен од тогашниот извршен директор на Marvel Entertainment, Ike Perlmutter кој го ограничувал креативниот процес на изработка на филмовите и употребливоста на разновидните ликови од богатата колекција на Marvel стриповите.

US-Israeli former head of Marvel cleared of hate mail campaign against neighbor | The Times of Israel
Ike Perlmutter

Perlmutter не се сложувал со филмови каде главните ликови се жени или пак луѓе од друга раса бидејќи според него тоа не носело успех и немало да се продаваат играчките на Marvel. Тој давал зелено светло само на проекти кои мислел дека ќе му донесат пари, без да ги проучи, одработи и да им даде шанса на останатите не толку познати ликови. Дури кога студиото го замени актерот Terrence Howard со актерот Don Cheadle во улогата на James Rhodes (War Machine), Perlmutter искоментирал дека никој нема да примети бидејќи „сите луѓе од црната раса изгледаат исто.“
Актерот Mark Ruffalo кој ја игра улогата на Hulk, во 2020 година ни откри што всушност му кажал Kevin Feige за време на снимањето на Avengers (2012):

 Listen, I might not be here tomorrow, Ike does not believe that anyone will go to a female-starring superhero movie. So if I am still here tomorrow, you will know that I won that battle.

Знаејќи го ова, Kevin сериозно размислувал да се префли во DC, а и тие покажале интерес кон неговите квалитети. Сепак, ништо од ова не се случило, па во 2015 година тој успеал да го „заобиколи” Ike и неговите верувања и почнал да соработува со тогашниот извршен директор на Disney, Bob Iger и директно да се овраќа на тогашниот главен креативен директор на Disney, Alan Horn.

Bob Iger, Kevin Feige - Bob Iger and Kevin Feige Photos - Zimbio
Alan Horn, Kevin Feige, Bob Iger.

Оваа одлука ни донесе значајни филмови како Captain Marvel и Black Panther кои се предводници на уште многу разновидни проекти и приказни кои не се плашат да завземат ризик.

Marvel unveils jam-packed Phase Four slate of movies, including 'Thor',  'Black Widow' and 'Eternals'

 

Можеме само да претпоставуваме што би било ако одлуката била обратна и Feige се префрлел во DC. Најверојатно Louis D’Esposito би бил назначен на неговата позиција, а пак Kevin ќе бил главниот одговорен за изработката понатамошните DC филмови за кои сме сигурни дека ќе следеле конкретен план.

Shazam 2 Will Include DC Intro After First Film Didn't Confirms Director

 

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ