Денес е вторник, 6 декември 2022
ПочетокФилмовиДознаваме кои ликови требало да се појават во Doctor Strange in the...

Дознаваме кои ликови требало да се појават во Doctor Strange in the Multiverse of Madness

Новиот филмски хит на Marvel беше полн со изненадувања, а како што дознаваме, требало да има уште повеќе.

Мултиверзумот е тука, па така креативните можности се зголемија и затоа кога се најави овој филм фановите шпекулираа појавување на огромен број Marvel ликови, од кои некои беа поамбициозни од другите. Филмот ни понуди големи изненадувања, а освен тие, според некои изјави требало да ги видиме и следниве.
Првично, овој филм имал друг почеток каде главниот фокус бил на Karl Mordo и Wanda. Според YouTube каналот, HeavySpoilers, Mordo имал за цел ја украде моќта на Wanda и да го уништи целиот свет на волшебниците. Но, ова за него не завршува според планот и Wanda победува.
“Now Mordo was going to be the main villain that showed up in the introduction to the movie and he’d be used to demonstrate Wanda’s new ruthless attitude. He would go to attack her and she’d turn him into mom’s spaghetti, beheading him within seconds of his arrival. It was going to be a big way to start the film and it instantly cemented Wanda as the villain.”
Сега, да зборуваме и за другите ликови. Имено, James Clement на Weekly Planet поткастот изјави дека Marvel планирале добро познатиот Michael Fassbender да ја повтори улогата на Magneto. Тој го кажа следново:
“Michael Fassbender was going to turn up as Magneto” but that this scene was “filmed but ultimately cut…”
Имајќи ја предвид поврзаноста со Wanda, а и самиот факт што го видовме и Professor X, може да се надеваме да го видиме Magneto во иднина.

Следниот добро познат лик кој требало да биде дел од филмов е Ghost Rider. Овој badass карактер било планирано да биде дел од Illuminati, а воедно била снимена и сцена каде тој се борел со Wanda. На истиот поткаст, James Clement изјави:
“So somebody sent me a list of five characters that were going to be in this movie that were cut… I said [to my source],’ were any of these films?’ And this person said, ‘Filmed but ultimately cut from the theatrical version… Ghost Rider, [who was a] very interesting… member of the Illuminati… I guess [he] was [likely] going to fight Wanda and probably die…”

Како уште еден член на Illuminati кој не го видовме, а бил во план, е Balder the Brave. Улогата на овој лик кој потекнува од Asgard требало да ја игра Daniel Craig, глумецот за кој се шпекулираше дека ја одбил улогата на Mr. Fantastic.

И, ликот за кој најмногу се шпекулираше и кој ќе донесеше најголема радост помеѓу фановите е Deadpool. На истиот поткаст дознаваме дека во post-credits сцената на филмот, Ryan Reynolds требало да го има своето деби во филмскиот универзум на Marvel.

Иако овие ликови не ги видовме во финалната верзија на овој филм, сепак знаејќи ги овие информации можеме да се надеваме дека во блиска иднина Marvel ќе изработи филмови со истите. Ова е само почетокот на мултиверзумот, а за тоа што ќе се случува може само да се шпекулира, но во секој случај сме сигурни дека не чекаат Marvel филмови какви што не сме виделе до сега.

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ