Денес е четврток, 8 декември 2022
ПочетокФилмовиШто точно значи Post-Credits сцената на Doctor Strange in the Multiverse of...

Што точно значи Post-Credits сцената на Doctor Strange in the Multiverse of Madness? Спојлер појаснување.

Сите што го гледавте Doctor Strange: In the Multiverse of Madness, веројатно се прашувате што се случи во првата post-credit сцена.  

СПОЈЛЕР ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

Во двата Doctor Strange филмови, Stephen е поврзан со една жена, а тоа е докторката Christine Palmer, на крајот од овој филм двајцата доаѓаат до заклучок дека во било кој универзум, тие не се еден за друг. Па така, во post-credit сцената накратко имаме можност да ја видиме новата жена во животот на Strange, во чија улога е актерката Charlize Theron.

Таа се појавува и го довикува Strange додека тој шета по улиците на Менхетен со цел да го извести дека тој предизвикал нестабилност во мултиверзумот. Таа потоа употребувајќи го нејзиниот меч, прави портал кон Црната Димензија (која ја видовме во првиот филм) и го повикува Strange да и помогне. По ова гледаме како се отвара неговото трето око, тој прифаќа и сцената завршува.
За жал, во филмот не го кажуваат идентитетот на оваа жена, но затоа стриповите го имаат одговорот на ова прашање. Таа е Clea која припаѓа на расата „Faltine“ (суштества создадени од магија во царството Faltine). Clea е дете на Olnar (поранешен владетел на Црната Димензија) и Umar (енергетско битие создадено од магија со човечки изглед) а интересен факт е што таа е внука на Dormammu и наследник на тронот.
Има комплицирано минато поврзано со Dormammu, таа е спасена од Strange по што е безбедно преместена на Земјата (616) каде ги губи своите моќи, па затоа Stephen почнува да ја учи нови вештини. По некое време тие заедно се борат против разни непријатели, во еден период дури и се венчаат (само за кратко) по што на крајот остануваат верни пријатели и колеги.

Clea, со своето потекло од Црната Димензија и сето тоа што го учи од Strange е еден од посилните Marvel суперхерои. Со своите способности како контрола на мислите и користење на дел од најмоќните магии, таа е од огромна помош во борбата против злото а воедно освен моќите во филмот гледаме дека таа може да патува низ мултиверзумот.

Doctor Strange's True Death Gives a Tribute To Avengers: Infinity War

Сега се прашуваме која улога ќе ја има во иднина? Според глумицата која ја игра нејзината улога, наша претпоставка е дека Clea ќе биде еден од поважените ликови во филмскиот универзум на Marvel.
Дали ќе дознаеме повеќе за нејзиното минато?
Дали можеби повторно ќе го видиме Dormammu и како таа ќе влијае на целиот мултиверзум?
Останува да видиме!
Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ