Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокФилмовиДознаваме кој ќе ја игра улогата на MODOK во Ant-Man and the...

Дознаваме кој ќе ја игра улогата на MODOK во Ant-Man and the Wasp: Quantumania

Покрај Kang the Conqueror, MODOK ќе биде вториот голем негативец во Ant-Man and the Wasp: Quantumania

Старите гласини сугерираа дека легендарниот Jim Carrey ќе ја игра улогата на лудиот научник со огромна глава, сепак дознаваме дека нема да биде така.

Jim Carrey Bakal Gabung Marvel? - USS Feed

Најновата гласина сугерира дека актерот Corey Stoll кој веќе ја играше улогата на негативецот Yellowjacket во Ant-Man (2015), ќе се врати во филмскиот универзум на Marvel, но овој пат во улогата на MODOK.

Corey Stoll Yellow Jacket Online Sale, UP TO 67% OFF

Ова ќе биде различна origin приказна на MODOK за разлика од стриповите (како на повеќето ликови во филмскиот универзум на Marvel).

ant man 3 modok

Според стриповите, MODOK е прикажан како AIM научник по име George Tarleton, по создавањето на космичката коцка, научниците во организацијата ја користат да го претворат Tarleton во ментален организам дизајниран само за компјутери. Тој брзо ја превзима контролата врз AIM и ги пренасочува неговите намери од комјутерство во убиство.

Yellowjacket за последен пат беше минимализиран во квантниот свет, шпекулациите тврдат дека преку долготрајна квантна радијација и бескрајно смалување ќе ја стекне оваа ,,грда” форма од стриповите. Други шпекулации тврдат дека ова ќе биде различна варијанта на Yellowjacket која е резултат на мултиверзумот.

Ликот може да го видиме во безброј игри, стрипови и цртани низ годините, има и сопствена stop-motion анимирана серија за возрасни на стриминг платформата Hulu која го доживеа своето деби во мај, 2021 година.

Marvel's M.O.D.O.K. (TV Series 2021– ) - IMDb

 

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ