Денес е понеделник, 28 ноември 2022
ПочетокСтриповиTaika Waititi ќе биде режисер на новиот Comic Book филм - THE...

Taika Waititi ќе биде режисер на новиот Comic Book филм – THE INCAL

Францускиот Sci-Fi стрип добива режисер и три писатели за филмско сценарио на Taika Waititi, Jemaine Clement и Peter Warren.

The Incal е графичка новела напишана од француско-чилеанскиот писател Alejandro Jodorowsky, познат по фиктивниот Sci-Fi универзум на графички новели, Jodoverse!

Alejandro Jodorowsky – Movies, Bio and Lists on MUBI
Роден во 1929 година, Jodorowsky денес има 92 години

Првото издание е објавено уште во 1980-та година во стрип-списанието Métal Hurlant, па се до 2014 кога е издаден последниот стрип во серијалот.
Станува збор за епска вселенска авантура (space opera) која е комбинација од меѓугалактичко патување, наука, технологија, политички интриги, заговори, месијанизам, мистицизам, поезија, разврат, љубовни приказни и сатира.

Amazon.com: The Incal: 9781594650932: Jodorowsky, Alejandro, Giraud, Jean: Books

Графичката новела се фокусира на меѓугалактичкиот приватен детектив John Difool, кој се пронаоѓа во голема вселенска авантура откако ќе наиде на мистичен артефакт наречен The Incal. Заедно со екипажот, Difool мора да тргне на патување за да го спаси универзумот.
Најавениот филм во моментов нема договор со ниту едно филмско студио, најпрво ќе се заврши сценариото а потоа ќе се најде соодветна филмкса продукција од страна на издавачката куќа Humanoids.

“The goal is to give as much freedom as possible to our talent,” Humanoids Group COO Matthieu Coppet told THR.

Сцени и елемнти во филмови како Blade Runner (1982), The Fifth Element (1997) и The Matrix (1999) црпат директна инспирација од страниците на The Incle.
Taika Waititi бил благословен од страна на 92 годишниот писател Jodorowsky преку повик на Zoom кој сам по себе донел многу емоции.

“The films and graphic novels of Alejandro Jodorowsky have influenced me and so many others for so long. I was stunned to be given the opportunity to bring his iconic characters to life and I am grateful to Alejandro, Fabrice and everyone at Humanoids for trusting me to do so,” said Waititi in a statement.

Alejandro Jodorowsky со сопствена изјава за режисерот:

“When Humanoids’ CEO Fabrice Giger introduced me to Taika Waititi’s work, it became obvious to me that he was the one. I fully trust Taika’s creativity to give The Incal a stunning take, intimate and at the same time of cosmic proportions.”

Издавачката куќа Humanoids ќе биде главниот продуцент во релација со во моментов неодредено филмско студио, заедно со компанијата Primer Entertainment која има одреден удел во издавачката куќа.

Ова ќе биде почеток на еден широк филмски универзум предводен од Taika!
Alejandro Jodorowsky и Taika Waititi зборуваат за повеќе за стрипот / филмот:

Дали сте знаеле дека има документарен филм во кој писателот Jodorowsky образложува како би ја изработил неговата филмска адаптација од новелата Dune на Frank Herbert.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ