Денес е недела, 17 октомври 2021
ПочетокАнимеАнимето Saint Seiya: Knights of the Zodiac (1986) за прв пат ќе...

Анимето Saint Seiya: Knights of the Zodiac (1986) за прв пат ќе добие сопствен live action филм!

Класичниот аниме серијал од осумдесетите Saint Seiya: Knights of the Zodiac ќе добие своја live action филмска адаптација. Прочитајте повеќе за кастингот, продукцијата и за кој се петте Knights of the Zodiac!

Запознавање.

Се работи за пет млади воини кој се регрутирани да бидат витези на Зодијакот, елитна космичка сила посветена на заштита на грчката божица Атина и планетата Земја. Saint Seiya: Knights of the Zodiac анимето започна во 1986 година од креаторот Masami Kurumada и траеше цели 4 години. Во 2019 година се преработи оригиналното аниме со 12 епизоди а брзо потоа се најави и нивниот live action филм кој се очекува да биде достапен при крајот на 2022 година.

Продукција и кастинг.

Tomasz Baginski е режисер на филмот. Toei познат по неговата работа со специјални ефекти во (The Witcher) и аниматор. Со помош на Sony Pictures Worldwide Acquisitions заедно ќе го продуцират филмот. Andy Cheng ќе ја има истата задача како во последниот филм на Marvel Studios – Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings. Тој ќе ја создаде и координира најдобрата кореографија со боречки вештини. Sean Bean и Famke Janssen се дел од кастингот заедно со Mackenyu, Madison Iseman, Nick Stahl, Diego Tinoco, и Mark Dacascos. Филмот се очекува да го гледаме премиерно од следната година притоа што е официјално завршен со снимање!

Приказна.

Филмот ќе биде приказна за потеклото на Knights of the Zodiac во кој Mackenyu ќе биде во главната улога со момчето Seiya. Филмот ќе го следи момчето Seiya. Откако ќе се разбуди со ретка космичка моќ, форсирајќи го да се бори против најмоќните богови. Тој ќе биде запознаен со девојка по име Sienna, која се бори да ги контролира сопствените сили. Seiya ќе треба да одлучи дали ќе ја убие или заштити, бидејќи нејзините огромни сили се надвор од нејзина контрола и се опасност за светот.

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ