Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокФилмовиНајнови гласини за 'Spider-Man: No Way Home' + потврдени информации

Најнови гласини за ‘Spider-Man: No Way Home’ + потврдени информации

Добиваме неколку нови информации и гласини кои се актуелна тема за сите Spider-Man фанови!

За жал, сеуште чекаме потврда за актерите Tobey Maguire и Andrew Grfield која можеби нема да ја добиеме до самиот крај и ќе биде големо изненадување, сепак добиваме голем број на нови информации кои сугерираат на нивното присуство во филмот. Актерот Garfield на неговото последно интервју негира дека добил повик од Marvel Studios со цел да ја повтори улогата, но сепак многу новинари и фанови шпекулираат дека не е целосно искрен и не ја говори вистината (интервјуто можете да го погледнете ТУКА).

Пред само неколку дена добивме официјална потврда дека актерот Aaron Taylor-Johnson ќе ја игра улогата на Kraven the Hunter во соло филм кој ќе биде дел од филмскиот Sony универзум на Marvel ликови (дел од овој универзум се Venom и Morbius) кои не се дел од филмскиот универзум на Marvel.

Aaron Taylor-Johnson

Покрај оваа новост, најновите гласини сугерираат на старо-нови негативци кои ќе ги видиме во ‘Spider-Man: No Way Home’:

  • Актерот Rhys Ifans во улогата на The Lizard (Dr. Curt Connors) – од ‘The Amazing Spider-Man (2012)’ – ГЛАСИНА
  • Актерот Paul Giamatti во улогата на The Rhino (Aleksei Sytsevich) – од ‘The Amazing Spider-Man 2 (2014)’ – ГЛАСИНА
  • Актерот Thomas Haden Church во улогата на Sandman (Flint Marko) – од ‘Spider-Man 3 (2007)’ – ГЛАСИНА

Како и еден од најпознатите кој се шпекулира дека ќе биде главниот негативец во филмот:

  • Willem Dafoe во улогата на Green Goblin (Norman Osborn) – од ‘Spider-Man (2002)’ – ГЛАСИНА

Актери кои веќе се потврдени дека ќе бидат дел од филмот во нивните старо-нови улоги се:

  • Актерот Alfred Molina во улогата на Doctor Octavius (Otto Octavius) – од ‘Spider-Man 2 (2004)’ ПОТВРДЕНО
  • Актерот Jamie Foxx во улогата на Electro (Max Dillon) – од ‘The Amazing Spider-Man 2 (2014)’ ПОТВРДЕНО
  • Актерот J.K. Simmons во улогата на J. Jonah Jameson – од ‘Spider-Man’ трилогијата и од ‘Spider-Man: Far From Home’ ПОТВРДЕНО

Во овој момент немаме конкретни информации за дали негативците ќе бидат истата верзија од нивните предходни филмови или ќе бидат тотално нова верзија, според изјавата на режисерот Jon Watts знаеме дека приказната за Doctor Octavius ќе продолжи од сцената кога тоне во реката на крајот од ‘Spider-Man 2’ и ќе се користи технологија која ќе го прави да изгледа помлад, но покрај тоа потврдено е дека негативците ќе имаат нов и променет изглед на нивните костуми и моќи (Electro нема да биде во истата боја како во ‘The Amazing Spider-Man 2’).

Претседателот на Sony Pictures (Sanford Panitch) даде изјава за врската помеѓу него и Kevin Feige и за иднината на Spider-Man во филмскиот универзум на Marvel:

“The great thing is we have this very excellent relationship with Kevin, there’s an incredible sandbox there to play with. We want those MCU movies to be absolutely huge, because that’s great for us and our Marvel characters, and I think that’s the same thing on their side. But we have a great relationship. There’s lots of opportunities, I think, that are going to happen.”

Покрај тоа даде мала најава дека компанијата има во план да го инкорпорира актерот Tom Holland во улогата на Spider-Man како дел нивниот Sony универзум на Marvel ликови:

“We don’t really think of our 900 characters as the Spidey-verse, we have a Marvel universe. The volume of characters we have — you know, wait until you see this next ‘Venom.’ You don’t miss Spider-Man.”

“It’ll be exciting if they do meet, right?”

“There actually is a plan, I think now maybe it’s getting a little more clear for people where we’re headed and I think when ‘No Way Home’ comes out, even more will be revealed.”

Panitch даде и најава дека во ќе го видиме и тимот на Sinister Six, но сеуште не е јасно дали во ‘Spider-Man: No Way Home’ или во сопствен филм на Sony.

Социјалните мрежи на Sony како и повеќето нивни YouTube профили објавија нови cover слики со насловот на филмот со што сугерира на фактот дека наскоро ќе добиеме прв трејлер за ‘Spider-Man: No Way Home’, покрај тоа роденденот на Tom Holland е на 1-ви Јуни што значи дека многу е голема шансата да добиеме трејлер (исто како што добивме трејлер за ‘Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings’ за роденденот на актерот Simu Liu).

Се најавува и враќање на актерот Charlie Cox во улогата на Matt Murdock (Daredevil) како адвокатот на Peter Parker по дознавањето на неговиот идентитет.

Не заборавајте дека и Doctor Strange ќе биде неговиот ментор и можеби ќе го искористи порталот до други димензии.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ