Денес е петок, 19 април 2024
ПочетокПоп КултураТОП 10 филмови од DC што не се дел од универзумот на...

ТОП 10 филмови од DC што не се дел од универзумот на DCEU.

Издвојуваме топ 10 филмови базирани на DC Comics кој не се дел DCEU – ( DC Extended Universe) и препорачуваме да ги погледнете!

1.

На прво место една од најдобрите трилогии што и се случиле на филмската индустрија во изминативе две декади е The Dark Knight Trilogy. Благодарение на режисерот Christopher Nolan и Kristen Bell во улогата на Bruce Wayne aka Batman, Heath Ledger како The Joker ова ремек-дело се наоѓа на врвот на топ-листата.

2.

На второ место V for Vendetta (2005) можеби ќе го препознаете по неговата оригинална маска но не по името. Филмот се одвива во Англија каде владее нордски врховен и неофашистички режим а V е антихрист кој се бори за револуција и слобода. Филмот опфаќа контроверзни и осетливи теми за денешницата препорачувам да го погледнете! Во главните улоги: Hugo Weaving како V и Natalie Portman како Evey.

3.

На трето место е првата адаптација на Zack Snayder од DC Comics. Се работи за филмот Watchmen (2009), добро познат помеѓу обожавателите на DC Comics. Дејството на филмот се одвива во 1985 година за време на студената војна. Суперхеројскиот тим Watchmen го истражува убиството на еден од суперхероите, но меѓувреме доаѓаат до мистериозно откритие кое може да ја смени историјата за секогаш. Во филмот е еден од најмoќните и бесмртни суперхерои во стриповите на DC, Dr. Manhattan.

4.

Batman (1989) класичниот Batman филм на Tim Burton од осумдесетите со Michael Keaton како Batman и Jack Nicholson во улогата на Joker оставија огромен впечаток од осумдесетите па се до денес. Филмот е една временска капсула која треба да се погледне. Интересен факт кој можеби не го знаете е дека верзијата на Michael Keaton како Batman од овој филм ќе се појави во The Flash филмот 2022 година.

5.

На петото место е еден меѓу првите Superman филмови, класичен филм од седумдесетите филмови кои според нашата топ-листа е најдобриот Superman филм што не припаѓа во DCEU ( DC Extended Universe). Christopher Reeve ги обележува седумдесетите и осумдесетите години сo класичниот SUPERMAN (1978) филм во улогата на Clark Kent aka Superman.

6.

Constantin (2005) првата хорор адаптација од DC стриповите на големото платно и лично моја омилена. Keanu Reeves во улогата на John Constantine е егзорцист и демонолог кој се справува со натприродните непријатели на планетата земја. Во филмот се работи за мистериозен случај каде што полицијата тврди дека е самоубиство, но Constantin тврди дека се работи за нешто повеќе и натприродно. Ви препорачуваме да ги прочитате стриповите и да го погледнете филмот. 

7.

И на предпоследно место на нашата топ-листа се наоѓа филмот Catwoman (2004). Во филмот се работи за жената која има способности и сетила на мачка. Она е самостоен карактер кој се наоѓа помеѓу криминалот и суперхероите. Во главната улоги Halle Berry како Catwoman, Sharon Stone како Laurel Hedare и Benjamin Batt како Tome Lone.

8.

И на последното место Green Lantern (2011) со холивудската ѕвезда Ryan Reynolds во улогата на Hal Jordan. Во филмот Hal Jordan e тест пилот кој добива вонземјански прстен кој му дава светски сили. Hal од еден обичен тест пилот кој ќе се справува со меѓугалактичката полиција Green Lantern Corps.

 

 

 

 

 

Тино
Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ