Денес е недела, 14 април 2024
ПочетокСтриповиTeenage Mutant Ninja Turtles: The Last Ronin – Стрип рецензија од PARAGONS

Teenage Mutant Ninja Turtles: The Last Ronin – Стрип рецензија од PARAGONS

Стрип кој носи една посебна тежина, изработен на друго ниво споредбено со сите останати проекти во оваа франшиза.

Го знаете чувството кога ќе преминете од дете во возрасен човек? Зрелоста која доаѓа сама по себе е токму тоа кое што може да го опише овој мрачен, апокалиптичен, одмазднички и воедно трагичен стрип. Доживуваме една доста тажна кулминација на саканите Нинџа Желки и сите препознатливи ликови во нивниот свет.

Here Comes Tomorrow: The Last Ronin - The Comics Journal

Стрипот се состои од 5 поглавја, а секое од нив го продлабочува темниот живот на последната преживеана Нинџа Желка, некогаш најсмешна и најинтересна – Микеланџело.
Краток опис на приказната:

In a future, battle-ravaged New York City, a lone surviving Turtle embarks on a seemingly hopeless mission seeking justice for the family he lost.

Сите главни и споредни ликови си имаат добар Character Development, а има еден нов лик кој посебно ни остави симпатичен и херојски впечаток. Додека пак иако негативецот е достоен за една ваква приказна, може да се констатира дека постапките и вредностите му се малку едно-димензионални, но во склоп на целата приказна неговото зло, его, страв и опседнатост со моќ и контрола се добро вметнати.

TMNT Last Ronin 5 // Review — You Don't Read Comics

Приказната е лесна за следење, исполнета со многу вредности и предизвици, а Микеланџело е доловен покомплексно и подобро од нашите очекувања! Тој е осамен, растревожен, психички нестабилен, сериозен, безмилосен и длабоко во себе, депресивен. Се прашува прашањето, зошто баш тој? Дали со самото тоа што е жив ги надминува своите браќа или ова е само казна што не направил повеќе за тие да преживеат? Прераснува и во нешто поголемо од само Нинџа, без да ви откриваме повеќе, но на некој начин го наследува својот татко во одреден аспект. Духовите на неговите браќа се врежани во неговиот ум, па така овој преостанат животен пат не е само негов. Нешто со кое многу луѓе секојдневно се борат.

Michelangelo fights with his dead brothers in the TMNT: The Last Ronin finale | GamesRadar+

Текот на настаните е убаво испланиран, исто така има и креативен распоред на панели, од технички аспект е 10/10.
Уметноста е реалистична, огромно браво до сите артисти, му дава живот на овој апокалиптичен и футуристичен New York, а покрај тоа и сите ликови, сцени и акција се нацртани до најситен детал. Режијата и кадрите на сцените се одлични, има моменти кои со задоволство би си ги урамиле во нашиот дом. Одредени Flashbacks сцени во стрипот се нацртани во различен стил (црно-бели), делуваат баш како постарите стрипови во кои карактерите се малку позбиени и тоа е сосема интересно. (Како на сликата подолу)

Teenage Mutant Ninja Turtles: The Last Ronin #2 Review

Стрип за кој ви гарантираме дека вреди да се прочита, посебно ако сте фан на Нинџа Желките. Ги сочувствувавме ликовите, ги живеевме настаните и се внесовме во еден крај кој ни ги насолзи очите, а и никогаш сме немале претстава дека ќе заврши на овој начин…
Kevin Eastman (еден од креаторите на овие ликови) со помош на целиот тим позади овој стрип, го достигнува врвот во неговата кариера.

9/10

Рецензијата е напишана од Давид Ристовски.

Michelangelo joins his brothers in TMNT: The Last Ronin finale | GamesRadar+

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ