Денес е петок, 1 јули 2022
ПочетокГејмингSony најави три нови ТВ серии базирани на нивните PlayStation видеоигри

Sony најави три нови ТВ серии базирани на нивните PlayStation видеоигри

Компанијата Sony продолжува со креирање на live-action верзии на нивните видеоигри, а овојпат тие се God of War, Horizon и Gran Turismo.

Уште во 2019-та година, почна со работа PlayStation Productions, студио преку кое Sony ќе изработуваат серии и филмови со тематики инспирирани од нивните ексклузивни видеоигри. Директорот на студиото, Shawn Layden, тогаш изјави дека инспирацијата за оваа идеа биле Marvel Studios и филмовите кои се базирани на нивните стрипови. Тој го кажа следново:
“We’ve got 25 years of game development experience, and that’s created 25 years of great games, franchises, and stories. We feel that now is a good time to look at other media opportunities across streaming or film or television to give our worlds life in another spectrum.”
Во февруари оваа година дебитираше и првиот филм на PlayStation Productions, „Uncharted“, кој имаше вкупна заработка од 400 милиони долари.

Денеска, претседателот на Sony, Jim Ryan ги најави и најновите проекти на PlayStation Productions, а според информациите:
  • „God of War“ ќе биде изработувана за Amazon (каде веќе во изработка се „Fallout“ и „Mass Effect“ ТВ серии)
  •  „Horizon“ ќе имаме можност да ја гледаме на Netflix (каде веќе ги гледавме „Arcane“ и „Castlevania“)
  • Платформата на која ќе биде емитувана „Gran Turismo“ е сеуште непозната.

Sony исто така ќе има и своја ТВ серија на HBO платформата. Таа ТВ серија е „The Last of Us” и истата би требало да дебитира следната година.
Воедно сме и во исчекување на филм кој е базиран на големиот гејминг хит, „Ghost of Tsushima“.

Идејата на Sony за изработка на ТВ серии и филмови инспирирани од нивните видеоигри е феноменална, а тоа дали во ново-најавените ТВ серии главната улога ќе ја имаат истите добро познати ликови, останува да видиме на датумот на нивната премиера кој сè уште е непознат.
Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ