Денес е петок, 29 март 2024
ПочетокПоп КултураGiveaway игра со Dynamic Duo! 3D дизајни по ваш избор!

Giveaway игра со Dynamic Duo! 3D дизајни по ваш избор!

Возбудата е огромна, Spider-Man: No Way Home е еден од најочекуваните филмови на сите времиња!

Заедно со дечките од Dynamic Duo влегуваме во светот на 3D моделирање!
Изработуваат (моделираат, принтаат и бојат) 3D фигури по ваш избор!
  • Кои се Dynamic Duo?
Dynamic Duo е група од тројца артисти што работат на создавање на 3Д карактери, фигури, шахови и сцени. Инспирацијата ја пронајдовме во создавање на ликови и карактери кои ги изработуваме со цел да ги испринтаме и да им дадеме живот. Овие изработки се работат во 3D Maya и Zbrush, програми за 3Д моделирање.
Раде Дечков и Стефан Јосифовски се 3Д артисти кои почнаа да ја изучуваат 3Д уметноста во М3ДС академијата каде се стекнаа со знаење на оваа професија. Откако ќе се испринтаат фигурите почнува процесот на боење кој го превзема Александра Јовановска, Мултимедијален уметник кој се стекна со знаење преку средното уметничко училиште, отсек Мултимедиски дизајн и МБУ отсек Визуелна уметност.
  • Каков е процесот за изработка на една 3D фигура?
Процесот на создавање почнува во Zbrush од една свера на која се моделира. Моделирањето на карактерите е базирано на references и фотографии од кои ние се инспирираме и го креираме финалниот продукт. Откако карактерот е готов во програмот се става во CHITUbox каде што се припрема за принтање. Користиме High End resin(смола) принтер со кој се добиваат нај детални модели. Зависно од комплексноста и обемот на моделот тие може да варираат во големината до максимум 20 см. За да се добие поголем модел од дадената големина моделите треба да се пресечат на делови во Zbrush кои исто така ќе бидат испринтани во делови кои подоцна се лепат и ја создаваат фигурата.
Процесот на боење започнува откако готовата фигура ќе се испрска со primer базиран на акрилна боја. Откако ќе се исуши се нанесуваат груби слоеви акрилна боја кои се одлична основа за понатамошните детали кои се додаваат.
На крајот при овој цел процес се прави финална проверка на целата фигура во однос квалитет, боја и детали за завршниот производ.
  • Колку луѓето во Македонија се запознаени со оваа брзорастечка индустрија?
3Д принтањето во Македонија почна повеќе да се шири во последните 5 години. Доста луѓе работат со 3Д принтери ама ретко кој работи професионално. Секој ден се повеќе сме изложени на 3Д светот кој го гледаме околу нас во игрите и филмовите и токму поради тоа преку нас Dynamic Duo луѓето можат да дознаат повеќе за 3Д принтањето и како да се стекнат со 3Д фигура.
Свесни сме дека времето брзо поминува, светот се менува и секојдневно се информираме за новитети и технологии за кои поголемиот број на луѓе им е тешко да ги прифатат и применуваат. Токму затоа ние сме тука за вас и за сите кои би сакале да бидат во тек со промените, да им ги овозмозиме и тоа не во една, не во две, туку во 3 димензии.
Ние Dynamic Duo секоја ваша желба и фантазија можеме да ја направиме реалност, да и дадеме живот и да ја донесеме во вашиот дом.

 

Заедно со талентираните дечки од @dynamicduo.art Ви спремивме нов и уникатен Giveaway во три димензии!

Време е за Giveaway на две 3D принтани (и боени) фигури, Doc Ock и Spider-Man (Black and Gold Suit) се решени да ја разубават вашата полица, биро, па можеби и некое друго видливо место во вашата просторија!

Се што треба да направите е следно:

  1. Follow @dynamicduo.art и @comics.mk на Инстаграм.
  2. Во коментари на нашата Инстаграм објава напишете го вашиот омилен 3D модел од колекцијата на Dynamic Duo (изберете од сликите подолу).
  3. Во истиот коментар тагнете пријател со кого би сакале да ја споделите 3D фигурата, може да тагнете и повеќе пријатели но во различни коментари.

По случаен избор, среќните добитници ќе бидат објавен во сабота (18.12.2021).

Инстаграм објавата е достапна ТУКА.

Погледнете го извонредниот избор на фигури:

За сите останати информации, нарачки и дизајни по избор, пишете им на Инстаграм пораки (@dynamicduo.art) или на e-mail (props.assets@gmail.com)

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ