Денес е петок, 23 јануари 2026
ПочетокГејмингGenesis Krypton 510 – Маус од друга планета!

Genesis Krypton 510 – Маус од друга планета!

Брз, лесен и моќен со симплистички изглед, а достапен по многу пристапна цена – Genesis Krypton 510 е маус за сечиј вкус, без разлика дали сте гејмер или не.

Знаејќи дека доаѓа од планетата на Супермен, од Krypton 510 можете со сигурност да очекувате натприродно гејминг или канцелариско искуство кое ќе внесе ново ниво на уживање во вашите секојдневни компјутерски активности.
А сега, ајде да видиме што точно го прави Genesis Krypton 510 одличен избор – и зошто ние го сметаме за еден од најдобрите мауси на пазарот – во однос на цената и квалитетот што го нуди.
Производот е достапен во продавниците на Anhoch.
Технички спецификации:
  • Жично USB-A поврзување со кабел долг 200 cm
  • Оптички PMW3325 сензор
  • Резолуција од 200 до 8000 DPI
  • Шест копчиња што може да се подесуваат
  • Модел на прекинувачи: OMRON
  • Животен век на копчињата: 10 милиони притискања
  • Забрзување: 20 G
  • Фреквенција на скенирање: 1000 Hz
  • Максимална брзина на следење: 254 cm/s
  • Максимална фреквенција на слики: 4600 FPS
  • RGB осветлување со 9 режими 
  • Вградена меморија
  • Тип на клизач: Тефлон
  • Поддржани оперативни системи: Android, Linux, Windows 7, Windows 8, Windows 10, Windows 11
  • Дополнителни функции: Plug&Play
  • Должина: 131 mm
  • Ширина: 68 mm
  • Висина: 43 mm
  • Тежина: 98 g

Banner

Производот е достапен на следниот линк – https://www.anhoch.com/products/mouse-genesis-gaming-krypton-510-7200dpi-usb-wsoftware-rgb-0279 
Зошто Genesis Krypton 510 е маус за сечиј вкус? 

Banner

Вашите противници можат да заборават на победа! Со неверојатна прецизност благодарение на Pixart PMW3325 оптичкиот сензор со резолуција од 8000 DPI и 7 нивоа на подесувањеKrypton 510 го подобрува и се адаптира на секој гејминг стил.
Секако, тука се и Omron прекинувачите кои ќе се погрижат за долготрајноста и постојаниот квалитет, гарантирајќи животен век од 10 милиони притискања. А, да не ја заборавиме и удобноста на овој маус, овозможена од неговиот ергономски дизајн и корисни дополнителни компоненти. Кога сè ќе се собере, може да се каже дека тој навистина поседува супермоќи.
Што нас ни се допадна кај Genesis Krypton 510?

Banner

Нешто што веднаш ни потврди дека ова е навистина маус од друга планета е колку истиот е брз и лесен за користење. Со тежина од само 98 g и гумирани страни, сѐ што правевме беше комфорно, брзо и многу поефикасно. И верувајте – игравме многу видеоигри и дури го користевме цела седмица како помошник во нашата канцеларија.

Секако, перформансот е многу важен, но има нешто што на сите гејмери им е многу важно. Знаете што е тоа? RGB осветлувањето, се разбира. Кај овој маус, тоа е елегантно, со 16 милиони бои и софтвер со кој тоа се подесува. И најдоброто? Можете да ги сочувате вашите омилени бои. А, доколку имате повеќе, тие може да се поделат на секој DPI што го користите.

Banner

Освен осветлувањето, Genesis Krypton 510 ја има можноста за промена на функцијата на копчињата, прилагодувајќи се на секој гејминг стил. Еднаш променета, таа се сочувува и, благодарение на внатрешната меморија на маусот, е достапна на секој компјутер.
Заклучок!

Banner

Без разлика дали сте гејмер кој сака да го подобри својот перформанс и резултати во своите омилени видеоигри или пак имате канцелариска работа која бара прецизност и ефикасност, Genesis Krypton 510 е за Вас!

Со многу пристапна цена, овој маус нуди сè што ви е потребно – од модерен и елегантен изглед до компоненти кои ќе се погрижат за долготрајност и лесно користење. И знаете што? Не треба да патувате до Криптон. Сè што треба е да посетите некоја од продавниците на Anhoch!

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ