Денес е среда, 22 мај 2024
ПочетокГејмингLENOVO ги надмина нашите очекувања со рачната конзола Legion GO!

LENOVO ги надмина нашите очекувања со рачната конзола Legion GO!

Ерата на рачни конзоли тукушто доаѓа, а Lenovo имаат производ кој во сите параметри ги надимуна останатите конкуренти!

Признаваме дека на прв поглед бевме скептични за изгледот, перформансот и моќта на Lenovo Legion GO, меѓутоа по само неколку минути сетирање, и уште неколку часа гејмање, бевме убедени дека квалитетот е присутен во секој аспект на оваа рачна конзола.
Интегрирана технологија, оптимизиран Windows 11, невберојатен 8.8 инчен екран со 144hz Refresh Rate, комотен дизајн и присбособливи рачки за играње се главните атрибути зошто оваа конзола ги надминува останатите и нуди нешто плус!
Производот е моментално на ПОПУСТ и е достапен само во продавниците на Anhoch, или на следниот ЛИНК.

Најпрво да ги разгледаме техничките спецификации:
  • Оперативен систем: Windows 11
  • Процесор: AMD Ryzen Z1 Extreme
  • Рам меморија: 16 GB
  • Брзина на процесорот: 3.3 GHz
  • Меморија: 512 GB SSD
  • Поддршка за складирање – Еден диск, до 1TB SSD
  • Графичка: AMD Radeon Graphics
  • Големина и тип на екран: 8.8 inches, 2K QHD
  • Резолуција на екранот: 2560 на 1600 пиксели
  • Дисплеј: Glossy / Anti-Fingerprint, Corning Gorilla Glass 5
  • Светлина на дисплејот: 500 nits
  • Refresh Rate: 144 Hz
  • Технологија на панелот: IPS
  • Читач за картичка: Micro SD
  • Батерија: Интегрирана 49.2Wh
  • Тежина: 854 g
  • Безжично поврзување: Wi-Fi, Bluetooth
  • Полнач за струја: 65W USB-C Slim (Wall-mount)
  • Приклучувач за микрофон или слушалки: Jack (3.5mm)
  • Стерео-спикери 2W x2
  • Специјален систем за ладење: Legion Coldfront Cooling System
Благодарение на пријателите од Anhoch и Lenovo, имавме можност целосно да го искусиме овој уред, па токму затоа решивме да направиме специјална Подкаст епизода со Дебелите Гикови во која ја отпакуваме и пробуваме оваа уникатна рачна конзола (до моментот кога Оги ни ја зема и не можевме да го тргнеме од играње Resident Evil 7 со FPS подесување на рачките…)
Фото: Кире Мирчовски
Епизодата е достапна тука:
https://www.youtube.com/watch?v=qv2-rvqiTXU&t=1136s
Кога пишуваме во секој аспект, буквално во секој аспект сме изненадени од конзолата. Дизајнот е сосема убаво изработен, удобно лежи на рака, копчињата се стискаат непрекинато, екранот не е воопшто дебел и рачките си имаат мека и малку рапавка површина на задниот дел. Touch Pad-от си работи слеано, аналогните копчиња светат во различна боја играјќи различна игра, а тежината е сосема доволна, во ниту еден момент не се чувствува дека е тешка конзолата.

Интересно е тоа што Lenovo Legion Go ни нуди повеќе начини на користење на рачките, почнувајќи од гејмање во кревет со конзолата во раце, до вадење на рачките од екранот и играње со FPS подесување на маса (со магнетен држач на едната рачка кој доста лесно се вметнува). Во секој случај, FPS подесувањето се чувствува доста природно иако е необично, можеби многу од вас сметаат дека е некорисно, меѓутоа може да ви биде доста забавно играјќи Single-Player FPS игри, додека за Multiplayer компетитивни игри би можело да претставува одреден предизвик. Секако Lenovo ви ги нуди двете опции на располагање!

Дефинитивно најдоброто нешто за оваа конзола е екранот! Прво, доста е голем (8.8 инчи) и нема во ниту една игра да се чувстувате како да играте на мал екран, второ, резолуцијата од 2560 на 1600 пиксели заедно со Refresh Rate-от од 144 Hz е нешто кое не може да понуди ниту една друга рачна конзола. Графиката изгледа фантастично и непрекинато, иако не е Oled екран (туку QHD), спектарот на DCI-P3 бои е опфатен до дури 97%, што значи дека боите се вивидни и прецизни. Исто така екранот на допир не остава значителни отпечатоци, и е отпорен на секојдневни гребатинки (Gorilla Glass заштита).

Покрај тоа што оперативниот систем е Windows и може да ви служи за сe, кога станува збор за гејминг, уредот си има посебна програма неречена Legion Space каде може да си симнувате, стримате и играте игри од било која платформа Xbox Game Pass, Steam, Epic Games или друго.

Технолошките компоненти како AMD Ryzen Z1 Extreme, интегрираната AMD графичка и рам меморија од 16 GB, придонесува овој уред да работи брзо и непрекинато, со ефикасен мултитаскинг. А кога станува збор за загревање, тука е новата термална технологија која не држи во игра, наречена ColdFront!

Доколку сакате квалитетна рачна конзола, со моќност и издржливост да играте се од Indie наслови, па до AAA хитови, тогаш Lenovo Legion GO има што да ви понуди! Перформанс, дизајн, екран, софтвер, рачки и лесна преносливост. Гледајте ја нашата подкаст епизода погоре да видите колку добро куферче ви следува со уредот!!!

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО