Денес е недела, 14 април 2024
ПочетокФилмовиКомикс МК Рецензија БЕЗ Спојлери - The Flash

Комикс МК Рецензија БЕЗ Спојлери – The Flash

Филмот за најбрзиот човек во мултиверзумот пристигна релативно бавно, чекајќи го од 2014 година (скоро една деценија), конечно го гледавме премиерно во Cineplexx MK!

Пред се, би сакале да им се заблагодариме на сите посетители, учесници, артисти и организатори на вчерашната премиера, навистина беше забавно!
Флеш е еден од ретките ликови од познатиот калибар на DC суперхерои кој дури сега го добива првиот филм. Повеќето фанови веќе се добро запознаени со карактерот преку стриповите, цртаните и ТВ-серијата во продукција на CW.

Justice League: The Flashpoint Paradox (Video 2013) - IMDb

Приказната Flashpoint: Paradox (во стриповите и цртанот) е неговата најпопуларна според која филмот црпи инспирација, но сепак се променети повеќето елементи. Пробуваат да изведат нешто ново и оригинално, им успева до одреден степен, но признаваме дека текот на настаните и дејството беше необично, па токму затоа филмот е доста интересен сам по себе. Има убава и јасна порака од која сите може да научиме, за жал тие вредности веќе ги имаме видено низ други филмски проекти (како и во ТВ-серијата The Flash со Grant Gustin), но сепак ова беше едно лично патување за Barry Allen кое ни остави силни емоции и позитивен впечаток.

The Flash's Troubled Production and Ezra Miller Controversy Explained | Den of Geek

Писателите во повеќето аспекти си ја завршиле работата добро, единствено имавме замерка за одредени случувања кои мораа да бидат изработени подобро и поточно. Пример за тоа е Speed Force-от кој сметаме дека требаше да биде опишан повеќе како во стриповите или како во Zack Snyder’s Justice League, а тоа е на мистичен, моќен, мистериозен, скапоцен и грандиозен начин. Не очекувавме дека ќе биде толку лесен целиот тој процес.
Глумата беше исто така добра, по толку многу години, Michael Keaton во улогата на Batman е феноменален (и Ben Affleck беше супер), акцијата со него беше одлично изведена. Сите останати ликови си имаа соодветни улоги, никој не се чувствуваше како да не припаѓа во филмот. Кога станува збор за целокупната акција, беше сосема ОК, имаше интересни и креативни сцени за гледање, а можеше и малку повеќе такви посебно кога станува збор за Флеш, бидејќи е лик со безброј интересни моќи. За негативецот нема да коментираме, бидејќи можеби го има, можеби и го нема, а можеби и се повеќе. Тој дел го оставаме сами да го искусите.

The Flash' Trailer: Ezra Miller Stars With Michael Keaton's Batman - Variety

Визуелните ефекти варираа од добри кон лоши (како да гледате анимација на видеоигра од PS2), а режисерот Andrés Muschietti изјавува дека намерно одредени сцени се изработени да изгледаат чудно, баш како настаните да се случуваат во успорена снимка.

“The idea [is] we are in the perspective of the Flash. Everything is distorted in terms of lights and textures”

The Flash cast: All characters and actors in DC movie - Dexerto

The Flash Review | Movie - Empire

Во филмот има ОГРОМЕН број на Cameos кои нема да ги очекувате, вистински Fan-Fest! Секоја чест, имаше едно Cameo на кое многу се смеевме и ни беше мило што го гледаме. Само има еден одреден караткер за кој сметавме дека мора да се појави, а го немаше…
Како и секоја рецензија мораме да бидеме искрени, на Ezra Miller воопшто не му стои да биде Флеш, а и оваа верзија е неточно доловена/напишана. Најпрво, не личи како Флеш во стриповите, гласот во одредени моменти му е чуден и несоодветен, а неговиот лик е опишан доста деттски, неодговорно и неспособно. Во стриповите ги има овие атрибути, но воопшто не се на ова ниво. Повеќе се чувствува како да гледаме филм за Спајдермен во тинејџерските години, отколку за еден млад и зрел научник кој пробува да го балансира животот со неговото алтер-его.

barry allen aka flash icon. | Flash comics, Flash dc comics, Barry allen

Како за крај, филмот беше добар, забавен и полн со callbacks од филмската историја на Warner Bros/DC. Приказна исполнета со емоции, голем дел од инспирацијата и елементите се превземени од стриповите, и тоа е супер! За жал не се чувстуваше како Reset на филмскиот универзум, не го доживеавме тој нов почеток кој ќе го започне James Gunn, очекувавме многу повеќе околу тој дел.

7.6/10

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ