Сите што го гледавте Doctor Strange: In the Multiverse of Madness, веројатно се прашувате што се случи во првата post-credit сцена.
СПОЈЛЕР ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
Medo de assistir o filme todo antes de ir no cinema 😖
Cena pós crédito de Multiverso da Loucura, Clea pedido ajuda ao Strange. #DoutorEstranho #DoutorEstranhoNoMultiversoDaLoucura #Clea #MCU #MarvelStudios #DoutorEstranho3 pic.twitter.com/kgQtJWMhBU— Marcelo Rabello (@Marcelo75897301) May 4, 2022
Во двата Doctor Strange филмови, Stephen е поврзан со една жена, а тоа е докторката Christine Palmer, на крајот од овој филм двајцата доаѓаат до заклучок дека во било кој универзум, тие не се еден за друг. Па така, во post-credit сцената накратко имаме можност да ја видиме новата жена во животот на Strange, во чија улога е актерката Charlize Theron.

Таа се појавува и го довикува Strange додека тој шета по улиците на Менхетен со цел да го извести дека тој предизвикал нестабилност во мултиверзумот. Таа потоа употребувајќи го нејзиниот меч, прави портал кон Црната Димензија (која ја видовме во првиот филм) и го повикува Strange да и помогне. По ова гледаме како се отвара неговото трето око, тој прифаќа и сцената завршува.
За жал, во филмот не го кажуваат идентитетот на оваа жена, но затоа стриповите го имаат одговорот на ова прашање. Таа е Clea која припаѓа на расата „Faltine“ (суштества создадени од магија во царството Faltine). Clea е дете на Olnar (поранешен владетел на Црната Димензија) и Umar (енергетско битие создадено од магија со човечки изглед) а интересен факт е што таа е внука на Dormammu и наследник на тронот.
Има комплицирано минато поврзано со Dormammu, таа е спасена од Strange по што е безбедно преместена на Земјата (616) каде ги губи своите моќи, па затоа Stephen почнува да ја учи нови вештини. По некое време тие заедно се борат против разни непријатели, во еден период дури и се венчаат (само за кратко) по што на крајот остануваат верни пријатели и колеги.

Clea, со своето потекло од Црната Димензија и сето тоа што го учи од Strange е еден од посилните Marvel суперхерои. Со своите способности како контрола на мислите и користење на дел од најмоќните магии, таа е од огромна помош во борбата против злото а воедно освен моќите во филмот гледаме дека таа може да патува низ мултиверзумот.





