Денес е вторник, 2 декември 2025
ПочетокГејмингGenesis Pallad 410 – Ранец за сите потреби

Genesis Pallad 410 – Ранец за сите потреби

Сакате вашиот лаптоп да биде соодветно и безбедно сместен за на работа? Притоа и вашиот Nintendo Switch 2, игри за истиот заедно со тастатура, маус и слушалки од широкиот асортиман на Genesis производи!? Дојдовте на правото место, Genesis Pallad 410 не само што ќе ги смести сите ваши производи и гаџети, туку ќе ги задоволи и сите ваши потреби за врвен гејминг ранец!

Комфор, квалитетна изработка и безбеден простор наменет за вашиот лаптоп – ова е само дел од она што Genesis Pallad 410 го нуди за сите кои секојдневно патуваат со нивниот преносен компјутер.
И најдоброто? Достапен е за супер-прифатлива цена што го прави одличен избор за студенти, а и за сите кои се во потрага по добар ранец. Затоа, ајде да дознаеме нешто повеќе.
Производот е достапен во продавниците на Anhoch.
Технички спецификации: 
  • Наменет за големина на лаптоп до 15.6″
  • Број на прегради: 2
  • Наменски џебови/прегради за додатоци, документи, лаптоп, мобилен телефон
  • Вкупен број на џебови: 7
  • Број на надворешни џебови: 3
  • Број на внатрешни џебови: 4
  • Капацитет: 17 Л
  • Материјал: Полиестер 1680D
  • Заклучување: Патент (Цип)
  • Боја: Црна
  • Конструкција: Отпорен на прскање (Splashproof)
  • Содржи рачка
  • Должина: 320 мм
  • Ширина: 120 мм
  • Висина: 440 мм
  • Должина на преградата за лаптоп: 280 мм
  • Ширина на преградата за лаптоп: 30 мм
  • Висина на преградата за лаптоп: 410 мм
  • Тежина: 700 г

Достапен на следниот линк – https://www.anhoch.com/products/notebook-backpack-gaming-genesis-pallad-410-8048
Зошто Genesis Pallad 410 е ранецот што ви е потребен? 
Кога станува збор за добар ранец, најважни се изгледот и функционалноста. Така, со својот елегантен дизајн, главна преграда за вашиот лаптоп, книги, слушалки или што и да ви е потребно за успешен ден, како и споредните внатрешни и надворешни прегради, Genesis Pallad 410 содржи баш сѐ!

Секако, тука се и прилагодливиот граден ремен и прерамките прекриени со ергономска пена и мрежест материјал што не само што нудат удобност при долготрајно носење на ранецот, туку и се грижат за правилното држење на телото.

И знаете што? Сѐ уште не сме ви го откриле најдоброто. Се прашувате што е тоа?
Материјалите искористени за изработка на Genesis Pallad 410 
Она што ни остави најголем впечаток при користењето на овој ранец е неговата изработка. Така е, зборуваме за меката пена на внатрешноста што го штити лаптопот од удари и гребнатинки, издржливиот 1680D полиестер, и, најважното, водоотпорниот материјал на предниот дел.

Како беше тоа? „И да врне, и да вее, и бура да коси, тоа за Genesis Pallad 410 ништо не е, тој вашиот лаптоп сигурно ќе го носи“.
Заклучок!
Поседувањето добар ранец може многу да го подобри квалитетот на вашите секојдневни активности, без разлика дали е тоа работа, гејминг, тренинг, прошетка во природа или патување.
И како што видовме, со удобноста, функционалните прегради и својата квалитетна изработка, Genesis Pallad 410 е еден од најдобрите на пазарот.
Производот е достапен во продавниците на Anhoch.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО