Иако користењето на помалите тастатури моментално е зачестено помеѓу гејмерите, многумина преферираат тастатура со целосна големина која изгледа фантастично и нуди врвен перформанс – Исто како богот на молњата, моќниот Thor!
Ви ја претставуваме Genesis Thor 404 – гејмерската тастатура која го нуди сето тоа, и многу повеќе! Со елегантен и удобен дизајн, опција за тивки прекинувачи и молничава брзина на пренос на податоци, таа сигурно ќе стане вашиот омилен гејминг партнер.
А сега, ајде да видиме зошто Genesis Thor 404 е вистинскиот избор.
Производот е достапен во продавниците на Anhoch во црна боја со 3-pin Gateron Yellow Pro прекинувачи.
Технички спецификации:
Жично USB поврзување со USB-A и USB-C платнен кабел
Должина на кабел: 180 см
Механизам на копчиња: Механички
Модел на прекинувачи: Gateron Yellow Pro и Outemu Peach Silent V3 5-pin
Тип на прекинувач: Линеарен
Тастатурата е со целосна големина
Содржи RGB осветлување
20 режими на позадинско осветлување
Број на копчиња: 107
Содржи 11 мултимедијални копчиња
Животен век на копчињата: 50 милиони
Т.н. Sampling Frequency од 1 000 Hz
Точка на активирање: 2 мм
Сила на активирање: 50 г
Време на одговор: 1 ms
Ова не е тастатура со низок профил
Поддржани оперативни системи: Android, Windows 10, Windows 11, Windows 7, Windows 8
Платформи: PC, XBOX One, PlayStation 4, Xbox Series X, Xbox Series S, PlayStation 5, Android, Xbox One S, Microsoft Xbox One X
Софтвер: Да
Технологија на печатење на капачињата: Двојна инјекција
Вградена меморија: Да
Висок профил на прекинувачи
Затворен дизајн без лебдечки копчиња
Стандард на распоред: ANSI
Материјал: ABS
Променливи “HOT SWAP” прекинувачи
Снимање на macros
Anti-ghosting
Кабел со плетенка: Платнен кабел
Боја: Црна и бела
Вклучени додатоци: 2 резервни механички прекинувачи, aлатка за вадење капачиња/прекинувачи, USB – USB Type-C кабел
Димензии: Должина: 439 мм, Ширина: 133 мм, Висина: 41 мм
Тежина: 1250 г
Зошто Thor 404 е одлична гејмерска тастатура?
Кога е изгледот во прашање, Genesis Thor 404 е сè што би посакале од една гејмерска тастатура – перфектен дизајн, осветлување и квалитетна конструкција. Сепак, сите можеме да се сложиме дека прекинувачите се најважното нешто при купување на ваков продукт. Па затоа, Genesis се погрижиле тие да бидат на највисоко ниво.
Моментално тастатурата не е достапна со овие прекинувачи во Anhoch: Новите Outemu Peach Silent V3 5-pin се за 30% потивки од класичните Outemu Brown, што значи дека гејмањето во доцните часови нема да претставува проблем за вашите блиски. А кога зборуваме за перформансот, 5-pin дизајнот нуди дополнителна стабилност дури и по долготрајно користење, што и тоа како е важно во гејмингот.
Тастатурата е достапна со овие прекинувачи во Anhoch: Тука е и верзијата со 3-pin Gateron Yellow Pro прекинувачи, кои со точката на активација од 2 mm и брзиот одговор од 1 ms нудат беспрекорна брзина, точност и намалена бучност.
Што ни се допадна на нас кај Genesis Thor 404?
Како што може да видите, Genesis Thor 404 е перфектен микс на квалитет и перформанс, но не само поради прекинувачите. Затворената шасија, големата рамка и копчињата изработени со т.н. Double-Shot технологија ветуваат беспрекорно гејмање кое останува на исто ниво и после неколку години. И верувајте – тоа ќе го почуствувате уште на прв допир!
Понатаму, не само што прецизно ги регистрира командите и е супер тивка за користење, таа го задржува уникатното чувство на механичка тастатура кое секогаш успева да го подобри секое гејминг искуство. А ако некој приклучок не работи? Со Hot-Swap технологијата секој може да изврши брза и едноставна промена.
И секако – функционалноста и персонализацијата. Тастатурата содржи N-Key rollover функција која овозможува засебно регистрирање на секое притискање на копчињата, странично копче за регулирање на звукот и софтвер со кој можете да ги подесувате RGB светлата на безброј начини. Звучи добро, нели? Genesis внимавале на секој детал и тоа јасно се гледа!
Заклучок
Потрагата по перфектната гејминг тастатура заврши – тукушто ја пронајдовте новата Genesis Thor 404! Со елегантен изглед, врвен перформанс, безброј функционалности и одлична цена за сечиј буџет, оваа тастатура има сè што ви е потребно.
Компетитивни видеоигри или пак RPG авантури, вашето гејминг уживање ќе достигне едно сосема ново и подобрено ниво. Сепак, ова е производ на Genesis, а сите добро знаат што тоа значи!
Genesis Thor 404 е достапна во продавниците на Anhoch.