Денес е четврток, 26 јуни 2025
ПочетокГејмингЗапознај ги Helium 300BT — Беспрекорните гејмерски звучници на Genesis

Запознај ги Helium 300BT — Беспрекорните гејмерски звучници на Genesis

Создадени за гејминг и перфектни за сѐ останато — тоа се Genesis Helium 300BT.

Слушалки се кул, ама понекогаш добра идеја е цела соба да ечи со епската музика од твојата омилена видеоигра или филм, нели? Затоа, едно мало аудио надоградување не е на одмет — а поготово кога зборуваме за звучници како Genesis Helium 300BT.
Со високо квалитетна надворешна изработка, фантастичен изглед и перформанс каков што секој гејмер заслужува, ова е продукт кој навистина му треба на секого. Можеби мислите дека не сте гејмер што сака звучници, но тоа е само затоа што не сте ги испробале овие. А сега ќе ви кажеме и зашто!
Звучниците се достапни во продавниците на Anhoch.
Технички спецификации:
  • Аудио систем: 2.0
  • Комуникација: Безжична, Жична
  • Bluetooth 5.0 компатибилност 
  • Безжична контрола со помош на софтвер
  • Не содржи излез за слушалки
  • RMS излезна моќност од 12W x 2
  • Вкупна RMS моќност на сателити: 24W
  • Ниво на звучен притисок: 87 dB
  • Однос сигнал-шум од 60 dB
  • Фреквенциски опсег: 100 – 20000 Hz
  • Јачината на звукот се контролира со панел
  • ARGB осветлување
  • Материјал: Дрво
  • Напојување: Мрежа (230V)
  • Конектори: Mini Jack 3.5 mm, RCA/Chinch
  • Димензии на сателитските звучници (должина x ширина x висина): 10.5 x 8.5 x 20 cm
Во продажба на следниот линк — https://www.anhoch.com/products/speakers-20-genesis-helium-300bt-argb-wbluetooth-gaming-1548

Зошто Genesis Helium 300BT се правиот избор? 
Од каде сакате да започнеме? Осветлувањето, конструкцијата или квалитетот на звукот? За сите имаме убави зборови, па затоа ајде да зборуваме за тоа што на повеќето гејмери им е најважно.
Genesis Helium 300BT содржат ARGB осветлување кое се поврзува со матичната плоча на вашиот гејминг компјутер, што значи дека можете ја синхронизирате бојата и истата да ја менувате како што сакате. Сепак, компатибилни се со Polychrome RGB, Mystic Light Sync, RGB Fusion и AuraSync, што на македонски значи дека можноста за креирање на перфектна гејминг атмосфера е на највисоко ниво.
Кога станува збор за квалитетот на звукот, тука е Bass Reflex системот кој со својот вграден отвор овозможува исклучително силен и прецизно репродуциран бас. Секако, јачината на истиот може лесно да се промени на страничниот панел со што лесно можете да го конфигурирате звукот зависно вашите потреби.
Како нас ни се допаднаа новите Genesis Helium 300BT?
Genesis Helium 300BT нѐ воодушевија во истиот момент кога ги поставивме на нашата гејминг маса. Елегантниот темен мат дизајн заедно со ARGB осветлувањето се нешто неверојатно што се вклопува во секоја гејминг соба, овозможувајќи играње во стил и добра атмосфера.
Било тоа епските композиции во новиот продолжеток на Elden Ring или тактичките звуци во компетитивните Call of Duty: Warzone 2 и Rainbox Six Siege, звукот кој овие звучници го произведуваат го подобрува секое гејминг искуство. Затоа, колку и да мислите дека мора да се гејма со слушалки, тоа е затоа што не сте ги пробале Genesis Helium 300BT.
Заклучок! 
Елегантен дизајн, квалитетна изработка, беспрекорен звук и неверојатно ARGB светлo — Genesis Helium 300BT имаат се што би посакале од гејминг звучници. И најдоброто? Сето ова го добивате за одлична цена која навистина се двои од конкуренцијата.
На крајот на денот, зошто би користеле само слушалки или само звучници — зошто да не се опремите како прав гејмер и да го имате најдоброто? А најдоброто, како што знаеме, го нуди Genesis.
Достапни само во продавниците на Anhoch.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО