Организација на кабли? Има. Посебни полици и држачи? Секако. Одличен изглед? Се разбира! Сепак со Genesis секогаш се гејма како вистински професионалец, нели?
Од професионална изработка и дизајн до RGB осветлување и функционални додатоци кои секојдневно ќе Ви бидат од корист, Genesis Holm 300 (само во црна боја) и Genesis Holm 320 (само во бела боја) се двојат како два одлични избори кои нудат сѐ што е потребно на сите фанови на видеоигрите.
А сега, да навлеземе во деталите и да го споделиме нашето искрено мислење околу овие две бироа на Genesis!
Производите се достапни во продавниците на Anhoch.
Технички спецификации:
-
Материјал на плочата: МДФ
-
Материјал на рамката: Челик
-
Бирото е достапно во Црна (Holm 300) и бела (Holm 320) боја
-
Висината на бирото и ширината на рамката не може да се подесуваат
-
Држачи за контролер, чаша и слушалки
-
Организатор за кабли
-
Полица за приклучна лента
-
USB хаб со три USB влезови
-
USB верзија: 3.0
-
Бирото содржи индуктивен (wireless) полнач за вашиот телефон
-
RGB осветлување со далечински управувач
-
Ширина на плочата: 120 см
-
Длабочина на плочата: 60 см
-
Висина на масата: 75 см
-
Ширина на полицата за монитор: 600 мм
-
Длабочина на полицата за монитор: 200 мм
-
Максимално оптоварување: 60 кг
-
Максимално оптоварување на држачот за монитор: 12 кг
-
Тежина: 18,7 кг
Што Genesis Holm 300 и Holm 320 ги прави одличен избор?
Почнувајќи од минималистичкиот дизајн акцентиран со карбон материјали и прекрасното RGB осветлување кое се менува со помош на далечински управувач, ова биро ќе го претвори Вашето гејминг катче во професионален простор за видеоигри. Верувајте, навистина ќе се чувствувате непобедливи!
Секако, тука се држачите за слушалки, контролер и чаша како и дополнителните полици кои лесно се отстрануваат со цел високо-функционаклна и персонализирана организација на бирото. Додајте ја посебната подигната полица за мониторот и ги добивате двете од најдобрите бироа на пазарот!
Нашето мислење за Genesis Holm 300 и Holm 320
Ергономскиот дизајн е тоа што прво го забележуваме кај едно биро, ама дополнителните карактеристики се тие кои ни го задржуваат вниманието. Ние ќе бидеме искрени и ќе кажеме дека навистина сѐ ни се допадна, но сепак мора да потенцираме неколку важни работи.
Прво, поаѓајќи по фактот дека убаво средени кабли ни е многу важен детал, мораме да споменеме дека Holm 300 и 320 тоа го прават беспрекорно. Бирото содржи HUB со три USB 3.0 влезови, дополнителна опрема за приклучување и организација на кабли како и безжичен полнач за телефон. Телефонот полн, осветлувањето пуштено, каблите скоцкани и противниците поразени — така се гејма со Genesis!
И второ — квалитетот. И кај двете бироа јасно се гледа дека Genesis не целеле само на функционалност, комфор и изглед туку и на врвна изработка. Со својата метална конструкција, Holm 300 и 320 се тука да ве служат во безброј гејминг авантури. Сепак, воздржете се да не ја тестирате издржливоста по примен гол во FIFA или лош потег на Counter Strike 2.
Заклучок!
Доколку си завршил со склопување на твојот нов компјутер или пак сакаш да го освежиш твојот гејминг простор со ново биро, Genesis Holm 300 и Holm 320 се производите кои нудат се што ти треба!
Од фантастичен изглед до безброј функционални додатоци и RGB осветлување, овие бироа ќе ти помогнат да се чувствуваш како професионален гејмер без разлика колкаво е твоето K/DA. И секако, сето ова го добивате по многу пристапна цена нешто за кое Genesis се добро познати!
Ние го одбравме Holm 300 — кој е твојот избор?
Производите се достапни во продавниците на Anhoch.