Доколку сте во потрага по квалитетен гејмерски подарок по многу пристапна цена, Genesis Argon 200 се најдобриот избор за вас!
Понекогаш не треба да потрошите многу за да го добиете она што ви е потребно, а Genesis Argon 200 го нудат она што на многумина od гејмерите им е сосема доволно за уживање!
Затоа, ајде да видиме зашто се тие одличен подарок за новогодишните празници!
Производот е достапен во продавниците на Anhoch, во сина и зелена боја.
Технички спецификации:
-
Поврзување: Жично со Mini Jack 3.5 mm x2
-
Тип на слушалки: На уво (On-ear)
-
Затворена конструкција на слушалки
-
Не се склопливи
-
Аудио систем: 2.0
-
Содржат микрофон
-
Контрола на јачина на звук: Интегрирана на кабелот
-
Импеданса: 32 Ohm
-
Опсег на фреквенција од 20 до 20000 Hz
-
Ниво на звучен притисок: 96 dB
-
Материјал на звучниците: Неодимиумски магнет
-
Дијаметар на звучници: 50 mm
-
Држач на микрофон: На подвижна рачка
-
Исклучување на микрофон: Не
-
Чувствителност на микрофон: -38 dB
-
Фреквентен опсег на микрофон: 100 – 10000 Hz
-
Осветлување: Не
-
Кабел што се вади: Не
-
Должина на кабел: 200 cm
-
Обвивка на кабел: Пластична заштита
-
Материјал: Еко-кожа, пластика
-
Боја: Зелена и сина
-
Платформа: PC
-
Поддржани оперативни системи: Windows 10, Windows 7, Windows 8, Windows Vista, Windows XP
-
Тежина: 240 g



Зошто Genesis Argon 200 се одличен избор за многу гејмери?
Genesis Argon 200 се многу интересен избор на слушалки затоа што умешно ги комбинираат одличниот квалитет на звук, удобност и чувствителност на микрофонот, одлики кои се исклучително важни за секаков тип на гејминг. Но тоа секако не е сѐ, затоа што истите имаат многу впечатлив дизајн што прекрасно се вклопува во секоја соба и прави да се чувствувате како професионалец!

А каков е квалитетот на звукот? Епа, благодарение на висококвалитетните звучници од 50 mm со динамички опсег од 96 dB и импеданса од 32 оми (а сега и на македонски), ќе можете јасно да го слушнете секој детаљ во вашите омилени видеоигри. Оваа прецизност ви овозможува целосно да се внесете во акцијата и навремено да одговорите на секој потег на противниците.

А како нас ни се допаднаа Genesis Argon 200?
Освен што звукот е сосема добар за секојдневно користење, Genesis Argon 200 се опремени со меки перничиња обложени со еко-кожа, додека внатрешниот дел на лентата за глава е исполнет со мека ткаенина за дополнителен комфор. Со други зборови, овие слушалки се дизајнирани на начин кој нуди максимална удобност при долготрајно користење.

А тука е и практичноста, т.е контролерот на самиот кабел, кој овозможува брзо прилагодување на јачината на звукот и поставките на микрофонот. Ова значи дека брзо и лесно ќе можете да ги направите сите потребни аудио прилагодувања.

Заклучок!
Секој прав гејмер во своето писмо за Дедо Мраз споменува дека посакува нова опрема што ќе го подобри неговиот гејминг. Затоа, доколку сакате да го „погодите“ подарокот, а притоа истиот да е со пристапна цена, тогаш Genesis Argon 200 е вистинскиот избор!
Genesis Argon 200 се достапни во продавниците на Anhoch.






