Однадвор едноставни и елегантни со прекрасно RGB осветлување, а одвнатре моќ каква што секој гејмер заслужува — Genesis Neon 764 навистина нудат се!
„Еј да го слушнев дека доаѓа ќе победевме“ и „Брат среди си го микрофонот, ништо не се слуша“ се изговори кои – иако чести – не им се познати на гејмерите кои ги користат Genesis Neon 764 слушалките. Со удобна конструкција и квалитетен звук, ова се слушалките кои му се потребни на секој гејмер, а имаат и RGB светла!
А и да не гејмате, гледањето филм и слушањето музика ќе достигне едно сосема ново ниво какво што е можно само со Genesis!
Genesis Neon 764 се достапни во продавниците на Anhoch, во црна и бела боја.
Технички спецификации:
Жично поврзување со USB 2.0 Type-A кабел долг 220 cm
Кабелот е обложен со ткаенина
Т.н. over-ear тип на слушалки со closed back конструкција
Слушалките не се склопуваат
Virtual 7.1 аудио систем
Динамичен микрофон со фреквенција од 100-10000 Hz кој може да се исклучи
Микрофонот содржи ENC технологија која ги намалува околните звуци со цел гласот на корисникот да се слуша појасно
Микрофонот има сензитивност од -42 dB
Слушалките не содржат т.н. Noise Cancelling технологија
Динамични драјвери со дијаметар од 50 mm
Фреквенција на звукот од 20-20000 Hz
Звучен притисок од 112 dB
Слушалките содржат функции како контрола на звукот, исклучување на микрофонот, нагодување на т.н. gain control на микрофонот
RGB осветлување
Далечинско нагодување на EQ, висина на звук како и вклучување и исклучување на микрофонот и осветлувањето
Без разлика дали ќе ги одберете црните или белите Genesis Neon 764 слушалки, тие со својата прекрасна изработка сигурно ќе се истакнат во сечие гејминг катче. Нивниот елегантен изглед и комфор кој нуди фантастична удобност при долготрајно гејмање или слушање музика се навистина доволно причини овие слушалки да бидат на вашата гејминг листа на посакувани производи. Исто така можете да си ја подесите бојата на блескавитеRGB светла кои придонесуваат за фантастичен изглед и атмосфера.
Тоа не е сѐ што Genesis Neon 764 нудат! Тука е виртуеленот 7.1 звук кој заедно со 50 милиметарските драјвери поддржуваат висококвалитетен 24-bit/96 kHz surround звук. И секако, костумизирањето на звукот кое нуди повеќе опции како „Scout“ (подобрено слушање на чекори во видеоигри), „Explosion“ (фокусирано на акција), „Music“ или пак друга опција која самите ќе ја создадете е нешто што со сигурност ќе Ви се допадне!
Како нас ни се допаднаа Genesis Neon 764?
Пред да зборуваме за прекрасниот звук, мораме да ги пофалиме супер-меката конструкција и незаменливиот комфор кои го нудат овие слушалки. Без разлика колку часови поминувате носејќи ги, верувајте дека нема ни да ги почувствувате. Секако, со одличниот звук, Genesis Neon 764 и тоа како ќе се погрижат нивното присуство да биде нагласено!
Ги испробавме сите модови за звук во различни услови како играње компетитивни видеоигри, гледање филмови и слушање музика. Резултатот? Суптилна, но значајна промена која значително го подобрува целокупното искуство на тоа што го правите.
И секако, доколку некој продукт содржи софтвер за промена на осветлувањето тоа значи дека ние ќе поминеме некое време играјќи си со истиот. Така беше и со софтверот на Genesis Neon 764 кој нуди многу опции за слушалките да одговараат на Вашето расположение и изгледот на останати гејмерски компоненти. Pro Comics.mk tip: Жолтата боја одлично оди со црните слушалки!
Genesis Neon 613 vs Genesis Neon 764 — која е разликата?
Genesis Neon 613 се фантастични слушалки, но постои еден модел кој е на едно малку повисоко ниво — тоа се Genesis Neon 764! Со поквалитетен звук и можности за нагодување на истиот како и подобрена конструкција за ефикасност и удобност, овие слушалки се одличен избор за сите гејмери.
Еве и мала споредба во изгледот:
Genesis Neon 613Genesis Neon 764
Заклучок!
Добри вести! Штотуку ги пронајдовте Вашите следни гејминг слушалки кои целосно ќе го променат начинот на кој уживате во вашите омилени видеоигри, филмови и музика. Врвната конструкција, удобноста и квалитетниот звук се загарантирани, а Ваше е да одберете само која боја ја сакате — црна или бела?
Genesis Neon 764 се достапни во продавниците на Anhoch.