Денес е среда, 4 февруари 2026
ПочетокГејмингGenesis Neon 360 – Најдобрите буџет слушалки на пазарот

Genesis Neon 360 – Најдобрите буџет слушалки на пазарот

Удобност, квалитетен звук и издржлива конструкција што ќе се погрижи за долготрајно користење – Genesis Neon 360 имаат сѐ што ви е потребно, било тоа гејминг или за слушање музика, овие слушалки се една од најдобрите буџет-опции на пазарот!

Ние ги испробавме и сме задоволни од тоа што го нудат, па затоа ајде да ви ги откриеме деталите.
Производот е достапен во продавниците на Anhcoh.
Технички спецификации:
  • Жично поврзување со 3.5 mm приклучок
  • 230 cm долг кабел обложен со ткаенина
  • Затворена конструкција
  • Слушалките не се склопливи
  • Аудио систем: 2.0
  • Содржат микрофон
  • Однос сигнал/шум: 40 dB
  • Фреквентен одговор на слушалки: 20 – 20000 Hz
  • Ниво на звучен притисок: 108 dB
  • Материјал на звучник: Неодимски магнет
  • Пречник на звучник: 50 мм
  • Вграден микрофон
  • Осетливост на микрофон: -48 dB
  • Фреквентен опсег на микрофон: 100 – 20000 Hz
  • Функции: Вибрации
  • Функции на далечински управувач: Контрола на звук, вклучување и исклучување на вибрации
  • Осветлување: Да
  • Боја на осветлување: Црвена
  • Материјал: Вештачка кожа, Пластика
  • Боја: Црна, Црвена
  • Поддржани оперативни системи: Windows 10, Windows 7, Windows 8, Windows Vista, Windows XP
  • Тежина: 390 г
Слушалките се достапни на следниот линк –https://www.anhoch.com/products/headphones-genesis-gaming-neon-360-vibration-backlight-3086
Зошто Genesis Neon 360 се меѓу најдобрите буџет слушаки?
Кога станува збор за квалитетни гејмерски слушалки, најважно е да се добие јасен звук што ќе ја долови атмосферата на видеоигрите и ќе помогне во компетитивните наслови. Затоа, со 50 mm драјвери и максимална фреквенција од 20.000 Hz, овие слушалки го нудат токму тоа!
Секако, тука е удобноста и конструкцијата што во голема мера може да го подобри вашето гејминг искуство, тоа можеме да го заклучиме од noise-cancelling затворената конструкција на Neon 360 и големите, меки ушни перничиња. Genesis во сите нивни производи знаат како да пренесат комфорт.
Кое е нашето мислење за Genesis Neon 360?  
Веќе ја споменавме удобноста, но мораме уште еднаш да напишеме дека сме навистина позитивно изненадени. Толку се меки што ќе заборавите дека носите слушалки, а што се однесува до звукот, било тоа чекорите на противниците или музиката во вашите омилени видеоигри, овие слушалки ќе се погрижат максимално да уживате во сите наслови.
Се разбира, мора да го споменеме и црвеното дискретно осветлување, кое придонесува за подобар амбиент и е нешто што ги радува сите гејмери. Интересно, нели? Но, знаете ли што е најфасцинантно? Вибрациите кои ги следат звуците од видеоигрите сосема ќе ве внесат во виртуелниот свет.
Black and red Genesis Neon 360 over-ear headphones with a microphone and glowing accents
Заклучок! 
Понекогаш не мора да дадете многу пари за да го добиете тоа што ви е потребно за квалитетен гејминг. Затоа, Genesis е секогаш тука за сите кои сакаат да ја имаат најдобрата колекција на т.н. budget-friendly гејминг опрема, баш како слушалките за кои денес зборувавме.
Ако сте таков тип на гејмер и ви е потребен одличен звук и неверојатна удобност за прилично прифатлива цена, Genesis Neon 360 се вистинскиот избор за вас!
Производот е достапен во продавниците на Anhcoh.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ