Денес е четврток, 26 јуни 2025
ПочетокГејмингПотпри се и уживај во Nitro 710 и 720 - незаменливите гејминг...

Потпри се и уживај во Nitro 710 и 720 – незаменливите гејминг столчиња на Genesis

Удобност за сите гејмери, во сите пози и стилови на игра — Genesis Nitro 710 и 720 нудат сѐ што Ви е потребно!

Гејмањето е активност за релаксација, што значи дека треба да се чувствувате удобно со цел максимално да уживате во вашите омилени видеоигри. Водејќи се по ова, Genesis се погрижија секој гејмер да го добие најдоброто, а тоа се Genesis Nitro 710 и Nitro 720 столчињата.
Двете се перфектни, со минимални разлики кои играат улога кај тие што сакаат детално да го истражат продуктот кој го купуваат. Затоа, ајде да видиме што овие столчиња нудат и да дознаеме кој е вистинскиот избор за Вас!
Genesis Nitro 710 е достапно во бело-розова, а Nitro 720 во црно-сива и црно-розова боја — само во продавниците на Anhoch.
Технички спецификации за Genesis Nitro 710: 
  • Материјал на наслон за грб и седиште: Еко кожа
  • Материјал на основа: Најлон (метал кај Nitro 720)
  • Тркалцата се изработени од најлон со премаз од т.н. CareGlide кој го заштитува подот од гребнатики 
  • Големина на тркалца: 60 mm
  • Метална конструкција
  • Препорачана висина на корисник: 160 – 195 cm
  • Максимална тежина од 150 kg
  • Столчето содржи перница за главата и грбот
  • 2Д (во две насоки) регулација на наслон за раце (3Д кај Nitro 720)
  • Висина на наслони за раце: 28 – 36 cm
  • Променлива висина на седиште од 47.5 – 54.5 cm (46.5 – 53.5 cm кај Nitro 720) со гаслифт од четврта класа
  • Регулација на лумбална поддршка
  • Агол на подесување на наслонот за грб: 135°
  • Функција за лулање
  • Пеперутка механизам кој овозможува безбедно наслонување
  • Столчето не содржи осветлување 
  • Длабочина на седиште: 50 cm
  • Ширина на седиште: 62 cm
  • Внатрешна ширина на седиште: 38.5 cm
  • Ширина на наслон за грб: 60 cm
  • Внатрешна ширина на наслон за грб: 34 cm
  • Висина на наслон за грб: 83.5 cm
  • Висина на стол: 129 – 136 cm (128 – 135 cm кај Nitro 720) 
  • Тежина: 19 kg (20 kg кај Nitro 720) 

Производите се достапни во продавниците на Anhoch.
Зошто Genesis Nitro 710 и Nitro 720 се вистинскиот избор?
Со гејмерски дизајн каков што сите посакуваат, овие столчиња ќе им се допаднат на сите љубители на видеоигрите. Тука е розовата опција за сите гејмерки како и црно-сивата за оние кои преферираат потемен изглед. Која боја и да ја одберете, едно е сигурно, а тоа се супер-удобни и квалитетни материјали на изработка — од конструкцијата, па се до перничињата.
Воедно, овие столчиња содржат многу корисни механизми за регулација на висината како и регулација на потпирачите за раце. Со својот 2Д механизам, Genesis Nitro 710 овозможува потпирачите да се креваат горе и долу или пак поместуваат лево или десно. Кај Nitro 720 имаме 3Д механизам, што значи дека истите може да се поместат и напред и назад.
Како ние уживавме во удобноста на Genesis Nitro 710 и 720? 
Ние гејмаме на сѐ, но најмногу преферираме PlayStation токму поради таа удобност кој истиот ја нуди. Си седнуваш на кауч или кревет и си гејмаш без никакви грижи. Сепак, познавајќи ги Genesis и нивните квалитетни продукти решивме малку да го промениме нашиот стил и да се вратиме на стариот добар комјутер. И знаете што? Тоа беше одлична одлука!
Со мека пена на седиштето и облога од еко-кожа кои овозможуваат одлична удобност при гејмањето, веднаш ќе почувствувате зошто овие седишта се едни од најдобрите. Секако, не е кауч, ама понекогаш се дури и поудобни! А сега, што друго нѐ воодушеви?
Genesis Nitro 720 Gray
Скоро сѐ на столчињата може да се приспособи зависно Вашите потреби, што значи дека без разлика од Вашата градба или желба за гејмање во седечка или полу-лежечка положба, Вашето тело ќе е биде благодарно за комфорот кој му го пружате.
Заклучок!
Така, кога сето ова ќе се собере и се добие една целина, добиваме гејмерско столче кое изгледа фантастично, е многу удобно и содржи материјали кои гарантираат долготрајност.
Што одлучвте? Дали Genesis Nitro 710 или Nitro 720 е за Вас? Кое столче и да одберете, нема да погрешите. И без грижи за лимитираниот избор на бои, бидејќи наскоро во Anhoch ќе пристигнат и останатите модели.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО