Сигурно поставен контролер и полна батерија во секое време е тоа што му е потребно на секој PS5 гејмер, а со Genesis Tin 300 и 305 добивате и совршен изглед!
Голем број од PlayStation играчите често го оставаат контролерот на различни места, било тоа на кревет, маса или па во сосема друга соба, ризикувајќи истиот да се оштети или изгуби. А зошто тоа да се случи, кога има прекрасна опција за чување на истиот?
Воедно, немаме точни статистички информации, ама сме сигурни дека празната батерија на контролерот е честа причина гејмерите да го одложат уживањето во своите омилени видеоигри. Сигурно знаете како е да сакате да легнете и да гејмате, а не можете или пак да ви дојде друштво на игра со повеќе играчи, а Вие ги пречекувате со празни контролери. Фрустрирачки, нели?
Без грижи, Genesis Tin 300 и Tin 305 се тука за Вас, подготвени да го одржат контролерот полн и да придонесат за подобар изглед на Вашата PS5 конзола. Сепак, празната батерија не смее да го попречи гејмањето.
Зошто Genesis Tin 300 и 305 е продукт кој многу ни се допаѓа?
Освен што со своите компактни димензии и едноставен дизајн кој беспрекорно се вклопува со секој PlayStation 5, Genesis Tin 300 и Tin 305 во голема мера ќе помогнат за лесно, безбедно и ефикасно организирање на Вашето гејминг катче. Само приклучете го полначот во страничниот USB-C влез на PlayStation-от, отворете го и поставете го контролерот на него. Резултатот? Контролер кој секогаш е подготвен за нови авантури.
Како сме Ние задоволни со Genesis Tin 300 и 305 полначите?
Како верни фанови на PlayStation конзолата и гејмингот ги поседуваме сите „плејки“ меѓу кои и најновиот PS5 на кој поминуваме долги часови играјќи наслови како Marvel Rivals и Elden Ring. Така, дали поради замор или поради т.н rage quit (што не се случува често) го забораваме контролерот на маса, со празна батерија и далеку од подготвен за нови MVP мечеви со Wanda или Loki.
За да го избегнеме ова, го набавивме Genesis Tin 300 и мораме да кажеме дека сме презадоволни. Полнењето е толку едноставно што само да го поставуваме контролерот врз полначот кој со својот минималистичен и бел дизајн изгледа како да е оригинален дел од PlayStation-от. А, кога не го користиме, само го затвораме и оставаме да ја краси конзолата.
Заклучок!
Иако цела оваа „филозофија“ околу чувањето на PlayStation контролерот на безбедно и одржувањето на неговата батерија звучи едноставно, фасцинантно е колку често ние гејмерите истото го занемаруваме. Затоа, Genesis ги нуди Tin 300 и Tin 305 полначите – нешто што мислиме дека треба да е дел од секоја PS5 и PS5 Slim конзола.
Мали, лесни за користење и со феноменален изглед, овие полначи многу успешно вршат една задача која значително го подобрува целокупното гејминг искуство со тоа што Ве примамува да го полните вашиот контролер.
Со Genesis Tin 300 и 305, единствената фантазија која ќе Ве засега се магиите, класите и епските борби во Вашите омилени видеоигри.